Одличен празничен колач кој се приготвува за 5 минути, без печење, без јајца, без брашно, без кондензирано млеко, без желатин… Оваа чоколадна торта е одличен предлог, бидејќи нема да ви одземе многу време за подготовка, а знаеме сите колку времето ни е драгоцено кога се приготвуваме за некој свечен момент.
![]()
![]()
![]()
![]()
Ќе ја подготвите за само пет минути, а потоа ќе ви преостане само да ја оладите во фрижидер неколку часови. Вкусот и е божествен, има нежна, свиленкасто мека, кремаста структура, а секој залак се топи во уста. Еве што ви е потребно:

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ОСНОВА НА КАЛАП ОД 18 СМ: 200 г бисквити со какао, 100 г кикирики, 100 г путер, 1 прстофат сол. И УШТЕ: 1 банана, 150 г чоколадо, 300 г крем сирење (маскарпоне), 100 г шеќер во прав, 300 мл слатка павлака 30% мм, бело чоколадо за декорација




ПОСТАПКА: Земете сирови, лупени кикирики, па малку истостирајте ги со прстофат сол (пропржете ги во сува тава на умерена температура) додека да почнат убаво да мирисаат, па тргнете ги на страна и оставете ги да се оладат. Потоа ставете ги во блендер или сечко, па ситно сомелете ги.

Бисквитите искршете ги со раце (може да користите кекси по ваш вкус, па дури и чајни колачи), а потоа иситнете ги со рачен или обичен бледнер. Треба да добиете навистина ситен прав.

![]()
![]()
![]()
![]()
Мелените кекси ставете ги во еден подлабок сад, па во нив додајте ги мелените кикирики. Промешајте со шпатула за да се изедначат двете состојки. Потоа додајте 100 г растопен и подизладен путер, па повторно промешајте додека да добиете смеса со конзистенција на влажен песок.

![]()
![]()
![]()
![]()
Смесата истурете ја во калап со димензии 18 см, претходно намастен и обложен со хартија за печење. Распоредете ја рамномерно на дното и малку на страните, па натапкајте со помош на дното од чаша за да биде насекаде со еднаква дебелина.

![]()
![]()
![]()
![]()
Во посебен сад пенасто изматете 200 мл слатка павлака со постепено додавање на 100 г шеќер во прав. Матете неколку минути додека да добиете кремаст шлаг. Во друг сад пенасто изматете го крем сирењето и започнете постепено да го додавате шлагот од слатката павлака.
![]()
![]()
![]()
![]()

Изматете кратко додека да се соединат во мазен и нежен крем. Изџлупете една банана, па исечкјате на кругчиња со дебелина од 3-4 мм. Во калапот врз бисквитната подлога истурете третина од кремот и рамномерно распоредете.

![]()
![]()
![]()
![]()
Наредете ги тркалцата банани, па одозгора додајте ја втората третина од кремот, распоредете рамномерно и израмнете. На тивок оган растопете 150 г чоколадо искршено на коцки со 100 мл слатка павлака. Мешајте додека да добиете течна глазура (внимавајте, не смее да загори).

![]()
![]()
![]()
![]()
Половина од чоколадниот ганаш распоредете врз белиот крем, израмнете, па одозгора истурете го остатокот од белиот крем. Распоредете, израмнете и на крај прелијте го остатокот од чоколадниот ганаш. Откако ќе израмните, одозгора наросете рендано бело чоколадо кое совршено одговара на контрастот црно-бело.

![]()
![]()
![]()
![]()

Оставете ја тортата во фрижидер да се лади и да се стегне најмалку 3-4 часа, а потоа извадете го обрачот, сечете и послужете. Оваа торта е нешто најкремастото и највкусното што ќе го пробате оваа година.











