Колачите кои се прават слично на чизкејкот се прилично едноставни и можат да ги направат речиси сите. Рецептот за овој неодолив деликатес ќе ве воодушеви, бидејќи не само што освежува, туку се состои од сечии омилени состојки. Комбинацијата од бисквити, нутела, чоколадо и слатка павлака е едноставно совршена, и е одлично решение за секоја свечена пригода.




Помеѓу бисквитите има различни филови, а дополнително е украсен со чоколадна глазура. Koлачот се подготвува за неполни 20-тина минути, а потоа се става во фрижидер и се остава да се стегне. Покрај тоа што изгледа многу декоративно, направен е и од најубавите кремови кои може да се користат за премачкување на сите торти и колачи. Еве што ви е потребно:

ПРВ РЕЦЕПТ




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 200 г бисквити, 100 мл млеко, 500 мл слатка павлака, 500 г маскарпоне сирење/крем сирење, 100 г шеќер во прав, 150 г нутела, 150 г бело чоколадо, 100 г млечно чоколадо. ЗА ГЛАЗУРА: 100 г чоколадо, 30 мл масло.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 100 г путер/маргарин, 100 г шеќер во прав, 4 јајца, 130 г чоколадо, 1 лажица какао, 1 кесичка ванилин шеќер, 70 г брашно, 1 лажичка прашок за печиво, ½ лажичка сол, 70 мл слатка павлака, 130 мл млеко. ЗА КРЕМ: 400 г нутела, 400 г крем сирење, 250 г сечкани лешници, 100 г наполитанки. ЗА ГЛАЗУРА: 200 г темно чоколадо, 200 мл слатка павлака.




ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Користете мал, долгнавест калап за филување на овој колач. Во еден ред се ставаат по 7 бисквити, од кои едната бисквита се крши на половина за убаво да се опфати целиот калап. Наредете еден ред бисквити во калапот, кои претходно треба да бидат натопени во млако млеко.




Растопете го млечното чоколадо на пареа, па премачкајте го како втор слој врз бисквитите. Настрана се мати слатката павлака со шеќерот во прав додека да се добие цврст крем, па се додава маскарпонето и се продолжува со матење додека да се формира хомогена смеса.




Смесата поделете ја на 2 еднакви делови, во едниот додајте Нутела, а во другиот растопеното бело чоколадо. Добро соединете ги двата кремови поединечно. Мене ми остана малку од нутелата во тегла, па белиот крем го додадов во теглата и таму го соединив кремот.




Врз чоколадниот дел кој го премачкавте во калапот, наредете уште еден ред бисквити на истиот начин, потопеи во млеко. Потоа премачкајте со филот со нутела, па наредете уште еден слој бисквити натопени во млеко, а потоа прелијте со филот од бело чоколадо.




Наредете уште еден ред бисквити и оставете го колачот во фрижидер да се стегне минимум еден час. ЗА ГЛАЗУРА: Чоколадото растопете го со маслото, па прелијте го врз оладениот колач и измазнете. По желба декорирајте со сечкани лешници и ставете во фрижидер уште 15 минути, додека глазурата да се стегне.

ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Со миксер изматете ги путерот и шеќерот заедно. Чоколадото растопете го на пареа. Во путерот додајте 4 жолчки, една по една, а потоа и малку разладеното чоколадо, какаото и ванилин шеќерот.

ВТОР РЕЦЕПТ

Брашното помешајте го со прашокот за печиво и солта, додајте ги во смесата, па полека со лажица промешајте. Потоа додајте ја слатката павлака, млекото и цврсто изматениот снег од белките. Внимателно промешајте со лажицата за да се изедначат состојките, а сепак да остане воздушесто.




Испечете ја кората во плех обложен со хартија за печење на 180 степени, околу 30 минути. Готовата кора оставете ја да излади, а потоа пресечете ја надолжно и спремете ја за филување. ЗА КРЕМОТ: Изматете го крем сирењето, додајте нутела, сечкани лешници и издробени наполитанки. Се филува тортата и се прелива со чоколадо.

Се загрева слатката павлака, се трга од оган и се додава чоколадото. Полека се промешува и се прелива преку тортата. Се украсува по желба. Совет: Јас оваа торта ја правев во двојна доза, бидејќи е превкусна, не е премногу склатка, а преполна е со чоколадо. Мој совет за сите кои ќе се одлучат да ја направат, е да ги удвојат состојките, зошто се јаде додека трепнеш и не останува за после. Деталите од целата постапка за првиот рецепт може да ги погледнете во видеото ОВДЕ.