ЧОКОЛДНА ТОРТА – брза викенд торта, готова за 20 минути. Рецепт на Гурман ТВ. Многу вкусна и декоративна торта со прекрасен вкус, штом ја пробате ќе ви биде „главна“ секој викенд на мени.
Се подготвува многу брзо и едноставно, ќе ви бидат потребни следниве состојки: 2 јајца, 320 г какао бисквити 100 г шеќер, 1 лажичка екстракт од ванила, 125 мл млеко, 90 мл масло + 1 лажичка за подмачкување на плехот, 320 г какао кекс, 1 лажичка прашок за печиво.
За глазура: 200 г крем сирење, 130 г кондензирано млеко и уште 30 г чоколадна глазура за декорација.
Постапка: Во еден сад изматете ги шеќерот, јајцата и ванилиниот екстракт. Потоа додајте го млекото и маслото и повторно соединете ја смесата. Во блендер изблендирајте ги какао бисквитите, па додајте ги во смесата.
На крајот преостанува да додадете уште 1 лажичка прашок за печиво. Смесата се прелива во подмачкан плех (22 цм) и се става на печење во претходно загреана рерна на 180 степени, 20 минути.
Подготовка на кремот: Крем сирењето се мати со миксер и се додава кондензираното млеко. Соединете, па прелијте го филот врз печената кора. Во меѓувреме растопете малку чоколадо и декорирајте ја тортата по ваша желба. Во продолжение прочитајте уште еден бонус рецепт..
II рецепт. Чоколаден колач – Милка, многу вкусен и лесен, сите го обожаваат. Потребни состојки: 3 јајца, 125 г шеќер, 125 мл 20% течен шлаг, 125 г брашно, 40 г какао, 1 прашок за печиво. За крем: 500 г маскарпоне, 200 г мед, 200 мл течен шлаг 30%, 100 г шеќер во прав.
Постапка: Во еден сад се матат јајцата заедно со шеќерот, пенасто. Потоа се додава шлагот и уште малку се разматува до формирање на еднолична смеса. Во друг сад се мешаат сувите состојки: брашно, какао, прашок за печиво.
Смесата со суви состојки се префрла во течната смеса и со рачно мешање се соединува. Добиената чоколадна смеса се префрла во обложен плех со хартија за печење и добро се распоредува.
Кората се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 15 минути. Подготовка на кремот: Во сад се става маскарпонето заедно со медот и се разматува со миксер. Во друг сад се мати со миксер течниот шлаг и во него се додава шеќерот во прав и се соединува.
Смесата со течен шлаг се прелива во смесата со маскарпоне и се се изматува. Печената кора се дели на половина. Едниот дел се премачкува со целиот фил, а одозгор се става другата кора.
Колачот се става во фрижидер да се стврне околу 2 часа, а потоа се послужува и се сече на коцки. Деталите од целата постапка за двата рецепти, погледнете ги во видеото ОВДЕ.