Отсега па натаму ќе го правите овој колач цело време, а ќе ви го бараат и пријатели и соседи…
Потребни остојки за тестото: 300 г меко брашно, 150 г омекнат путер на собна температура, 80 г шеќер, прстофат сол, третина лажиче прашок за печиво, 1 кесичка ванилин шеќер, 1 јајце.
Потребни состојки за крем: 500 мл млеко, 2 пудинга од чоколадо, 70 г чоколадо за готвење, 140 г шеќер, 80 г путер, 100 г сечкани лешници. За декорација: 30 г чоколадо за готвење, 2 лажици млеко, 2 лажици масло.
Постапка: во подлабок сад ставете брашно, исечен питер на тенки листови, додајте шеќер, јајце, сол, прашок за печиво и ванилин шеќер. Од сите состојки со раза замесете мазно тесто.
Тестото префрлете го во проѕирна фолија, добро завиткајте го од сите страни и истиснете го воздухот. Оставете го тестото да одмори еден час. После приближно половина час треба да се направи кремот.
Измешајте го пудингот од чоколадо со шеќер и додајте малку млеко (од половина литар одземете 12 лажици). Промешајте добро да нема грутчиња. Остатокот од млекото ставете го на оган да се свари.
Кога ќе зоврие млекото тргнете го на страна, долијте ја во него смесата со пудингот, промешајте, па вратете го тенџерето на оган. Варете со постојано мешање додека кремот да се згусне.
Во сварениот пудинг додајте рендано чоколадо или искршено на коцки, па добро промешајте додека чоколадото да се растопи и да се соедини со кремот. Потоа додајте го путерот исечкан на коцки, па и него соединете го со кремот.
Потоа прекријте го со проѕирна фолија и оставете малку да се олади. После еден час извадете го тестото од фрижидер и измерете го. Одвојте една третина од тестото (може и одокативно), па тргнете го малото парче за подоцна.
На набрашнета површина развлечете го поголемиот дел од тестото со димензии на плехот во кој ќе го печете. Плехот намастете го и наросете го со брашно, па во него ставете ја развлечената кора.
Ако има вишок тесто, отсечете го и спојте го со помалото парче. Од кремот отстранете ја фолијата, рамномерно распоредете го врз кремот, внимавајќи на краевите. потоа половина од сечканите лешници распоредете ги по целата површина.
Одозгора изрендајте го малото парче тесто и со прстите рамномерно распоредете го врз површината. На крај, одозгора наросете го остатокот од лешниците. Питата ставете ја да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 40 минути.
Оставете да се излади на собна температура, па украсете со растопено чоколадо помешано со малку млеко и масло. После тоа, пред сечењето и послужувањето, колачот добро изладете го во фрижидер. Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ.