Home Рецепти ЧОКОЛАДНА ЛАДНА ТОРТА…Без печење, брза, едноставна и многу вкусна…Се топи во уста…

ЧОКОЛАДНА ЛАДНА ТОРТА…Без печење, брза, едноставна и многу вкусна…Се топи во уста…

Сите многу ја обожаваат оваа торта кога ќе им ја приготвам, особено кога ќе ги изненадам на некој обичен ден со ваква освежителна слаткост. Не ви е потребно многу време, ниту многу состојки, само измешајте 2-3 состојки и добивате многу убава торта.




Може да ја правите овошна, чоколадна, со ванила или некој вкус по ваш избор, значи филот останува на вас, а јас од мое искуство ќе ви предложам како ми е најубава. Еве кои состојки ви се потребни за да ја подготвите:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 г сечкани суви какао бисквити, 125 г растопен путер. ЗА КРЕМОТ ВО СРЕДИНА: 250 г маскарпоне, 150 г свежо сирење (или додајте вкупно 400 г маскарпоне), 1 лажица екстракт од ванила, 250 мл претходно засладен шлаг (блага слатка павлака). ЗА ЧОКОЛАДНИОТ ГАНАШ: 50 г темно чоколадо, 100 г млечна чоколада, 100 мл шлаг.




ПОСТАПКА: За подготвување на основата, прво изблендирајте 250 г бисквити, па во нив додајте 125 г растопен путер. Измешајте ги состојките додека да се направи смеса со конзистентност на влажен песок (малку потврда).




Вака подготвената смеса излејте ја во калап со флексибилен обрач и убаво натапкајте ја за да биде мазна на површината. Потоа започнете со подготовка на кремот: 250 г маскарпоне измешајте го со 150 г крем сирење и убаво измиксајте со миксер.




Кога состојките убаво ќе се соединат, додајте 1 лажичка екстракт од ванила и постепено започнете да додавате 250 мл слатка павлака додека непрекинато матите со миксерот.

Кога ќе се направи убав и цврст шлаг, премачкајте го врз основата од бисквити и израмнете. Ставете во фрижидер да се стегне додека го подготвувате чоколадниот ганаш:




За чоколадниот ганаш: Во тенџере ставете 50 г темно и 100 г млечно чоколадо и 50 мл слатка павлка. Соединете ги состојките на многу тивок оган додека да се растопет и соединат состојките.




Чоколадото излејте го преку белиот крем и ставете ја тортата да се стегне во фрижидер неколку часа. По ладењето декорирајте по вкус. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.