Доколку сакате чоколадни колачи, сигурни сме дека овој рецепт ќе ве воодушеви. Направете ледено задоволство со само 4 состојки.
Доколку имате млеко и чоколадо дома, направете еден од највкусните чоколадни колачи. Состојките се евтини, подготовката не е воопшто комплицирана, а вкусот е совршен.
Чоколадните колачи без печење се одлични кога имате гости, но и кога сакате нешто слатко за кое не треба да со часови да поминете в кујна. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
900 мл млеко
1 лажица желатин агар
500 г чоколадо (200 г темно, 300 г со ситно сечкани лешници)
3 лажици масло
ПОСТАПКА: Желатинот сипете го во млекото и оставете го да се загрее, а потоа додајте го чоколадото. Мешајте додека да се растопи, па кога ќе зоврие оставете да се вари уште 3 минути со намалена температура.
Истурете во огноотпорен сад со димензии 26x12x10 cm (или слично). Оставете малку да подизлади, па садот ставете го во фрижидер 2 часа или во замрзнувач еден час.
Чоколадото со лешници растопете го со масло и прелијте го колачот, па вратете го во фрижидер 15 минути да се стегне. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.