Едноставен и одличен рецепт!

Потребни состојки:

 50 г шеќер во прав

100 г маргарин/путер (на собна температура)

1 кора обланда (не цело пакување)

20 г темно чоколадо со мин.70% какао

100 г мелени бисквити

20 г сечкано кандирано овошје

2 лажици сечкани ореви

1 јајце

Неколку капки екстракт од рум

Постапка:

1.Обландата ставете ја помеѓу две мокри крпи, добро исцедени, и оставете да омекне 10-12 минути.

2.Во меѓувреме: Пенесто изматете го јајцето со шеќер во прав. Додадете го маргаринот и чоколадото па смесата гответе ја на пареа додека да добие густина на пудинг. При тоа мора да се внимава да не зоврие, зошто ќе се направат грутки.

3.Кога смесата ќе ја добие потребната густина, тргнете од оган па додадете го румот, мелените бисквити, сечканите ореви и сувото овошје.

4.Смесата премачкајте ја преку обландата, па внимателно со помош на долната крпа свиткајте го ролатот.

5.Ролатот свиткајте го во алуминиумска фолија и оставете го во фрижидер да се стегне, најмалку 3 часа.

5.Сечете парчиња со дебелина од околу 1 см, па повторно вратете во фрижидер во затворена кутија за да не се исуши кората.