Многу вкусен Чоколаден пудинг колач по стар рецепт. Одличен десерт, многу вкусно и не е тешко за правење.
Потребни состојки: 4 јајца, 1 ванилин шеќер, 200 г шеќер, 100 мл масло, 190 г брашно, 2 лажици какао, 2 лажички прашок за печиво. кората се пече 20 минути на 180 степени. За приготвување на колачот се користи калап 24х24 см или слични димензии.
За крем: 2 јајца, 200 г шеќер, 1 ванилин пудинг, 3 лажици брашно, 600 мл млеко, 200 мл слатка павлака, 150 г маргарин. За глазура: 200 г чоколадо, 60 г маргарин и 50 мл млеко
Постапка: Јајцата изматете ги пенасто со електричен миксер, а додека ги матите со миксер, постепено додавајте го шеќерот. Додадете го прашокот од една кесичка пудинг со вкус на ванила и три лажици брашно. Измиксајте додека да се соедини во густа смеса.
Додадете 600 мл млеко и внимателно со миксерот изматете на послаба брзина, за да се раствори. Потоа добиената смеса ставете ја на умерен оган и со постојано мешање сварете го кремот додека да згусне. Покријте го со проѕирна фолија и оставете го да излади.
Четири јајца пенасто изматете ги со миксер, а додека ги матите додадете еден ванилин шеќер и 200 г шеќер. Миксајте додека да побели смесата а потоа додадете 100 мл масло. Изматете и додадете просеано 190 г брашно, 2 лажици какао и 2 лажички прашок за печиво.
Со помала брзина изматете со миксерот додека да се соедини. Смесата рамномерно излејте ја во плех обложен со хартија, израмнете, протресете и ставете да се пече 20 минути во претходно загреана рерна на 180 степени. Печената кора оставете да излади, а потоа пресечете ја хоризонтално за да добиете две големи, а тенки кори.
Во посебен сад изматете 200 мл слатка павлака додека да добиете цврст шлаг. Пенасто изматете 150 г путер на собна температура, па во него додадете го изладениот пудинг и продолжете да миксате додека да се добие мазен крем. Додадете го и изматениот шлаг, па уште еднаш изматете за да се соедини.
Редење во калап со обрач: кора натопена со малку млеко, половина од кремот, кора натопена со малку млеко, втората половина од кремот. Оставете во фрижидер да излади еден час. Одозгора прелијте со чоколадна глазура: растопете 200 г чоколадо со 60 г путер и 50 мл млеко додека да се изедначи.
Израмнете и вратете во фрижидер за да се стегне. Оставете најдобро преку цела ноќ. Деталите од целата постапката можете да ги погледнете во видеото: