Овој пудинг не се готви, ниту се пече, а најдобро е да се консумира наместо појадок или вечера.
Уживате во него без грижа на совеста…
Овој оброк има низок гликемиски индекс, што значи дека долго време ќе ве одржува сити.
Потребни состојки:
1/2 авокадо
1 лажица лешници
1 лажица чиа семе
1/2 лажичка сусам
1 лажичка семки од тиква
1/2 лажичка цимет
1/2 лажичка кокосов путер
3 лажици какао
1 зрела банана
2 лажички мед или агаве сируп
Црно чоколадо за украсување
Постапка:
Чиа семето натопете го во половина шолја топла вода. Авокадото исчистете го.
Измешајте ги лешниците, сусамот и семките од тиква, па смелете ги.
Додадете банана, авокадо, омекнат путер, чиа семе со вода и цимет, па мешајте во миксер или блендер најмалку една минута за да биде путерот што покремаст.
Додадете вода додека да ја добиете саканата густина. Украсете со рендано чоколадо.