Фото и рецепт: Натич НТ
Потребни состојки:
4 јајца
8 лажици шеќер
16 лажици млеко
16 лажици масло
16 лажици брашно
1 прашок за печиво
1 ванилин шеќер
100 г кокос
2 лажици какао
За прелив:
200 мл млеко
200 г шеќер
1 ванилин шеќер
За декорација:
2 шлаг креми од ванила
250 мл млеко
Чоколадни трошки
Постапка:
Четири јајца се матат пенасто со осум лажици шеќер, па постепено се додава млекото, маслото, брашното помешано со прашокот за печиво, ванилин шеќерот, кокосот и 2 лажици какао.
Смесата се пече на 200°С околу 15 минути, во зависност од рерната.
Печениот колач се остава да излади па се прелива со топол шербет од 200 мл млеко, 200 г шеќер и 1 ванилин шеќер.
Одозгора се декорира со две шлаг креми од ванила изматени со 250 мл млеко.
Одозгора можете да изрендате чоколадо или да наросите чоколадни трошки.
Фото и рецепт: Натич НТ