Чоколаден куглоф мек како пена…Ги мешам состојките за 5 минути, го излевам и печам…Брзо и многу вкусно…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 јајца
80 г шеќер
8 г ванилин шеќер
80 г засладено какао во прав
125 г цврст јогурт со вкус на ванила (или кисела павлака + лажичка ванилин екстракт)
50 мл млеко
50 мл масло
180 г брашно
12 г прашок за печиво

ПОСТАПКА:

Со жица изматете ги и соединете ги соте наведени состојки (додавајте ги редоследно како што е наведено). треба да добиете густо, полутечно и мазно тесто без грутчиња.

Сипете го во намастен и набрашнет калап за куглоф и печете 40 минути во претходно загреана рерна на 40 степени. Подизладениот куглоф превртете го врз десертна чинија.

Декорирајте го со растопено бело или црно чоколадно со јаткасти плодови или ситни крцкави гранола парчиња. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

Сочен чоколаден куглоф од евтини состојки, се прави за 10 минути, мерки на чаша

Шарен куглоф прелиен со чоколадо – вкусен и мек колач, брз и лесен за подготовка

Чоколаден куглоф со јогурт – мек и сунѓерест истовремено, се топи во уста