ЧОКО КОЛАЧ ЗА ПОМАЛКУ ОД 5 МИНУТИ, без јајце и без миксер, толку е вкусен што секој ден ќе го правите. Рецепт на Бригита од каналот Рецепти на Бригита Хусиќ. Едноставен и многу вкусен колач кој ќе ги paзбуди сите ваши cетила.
![]()
![]()
![]()
![]()

Го правев вчера, завчера и денес пак, толку е вкусен и постојано го јадеме цел. Кога ќе ми дојдат соседките на гости, се воодушевуваат и нема која не ми побарала рецепт досега. Се подготвува многу едноставно, вака лесно досега ништо немам направено.

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 380 г брашно, 220 г шеќер, 90 мл масло, 3 лажици какао, 1 ќесичка прашок за печиво, 500 мл млечна мешавина (маскарпоне, кисела павлака, млеко, јогурт по желба). За прелив: 16 лажици млеко, 120 г путер, 100 г црно чоколадо за готвење.
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: За подготовка на базата на колачот, потребно е во поголем сад да ги измешате сувите состојки: ставете ги брашното, прашокот за печиво, какаото, шеќерот и соединете ги со рачна маталка. Потоа постепено додајте го маслото.

![]()
![]()
![]()
![]()
На крајот се додава млечната мешавина која сама ја подготвив, а вие може да користите мешавина по ваш избор. Важно е количината да изнесува 500 мл, не повеќе од тоа, а по желба додајте маскарпоне, кисела павлака и млеко, соодносот е по ваш избор. Наместо млеко може да ставите и јогурт, некој кој не е многу масен.

![]()
![]()
![]()
![]()
Може да комбинирате од сите млечни намирници, а крајниот резултат треба да има конзистентност како јогурт (единствено на ова треба да обратите внимание), значи не премногу течно, но не и премногу густо, онака средна густина како за неутрална павлака.




Сите состојки се соединуваат и чоколадниот фил се прелива во тепсија. Тепсијата која јас ја користев е со пречник од 32 см, малку намастете ја па во неа рамномерно распоредете го чоколадниот фил.

![]()
![]()
![]()
![]()
Колачот се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 20 минути. Со чепкалка за заби проверете дали е добро испечен, а додека сè уште е топол избоцкајте го на неколку места пред да го прелиете преливот врз него.

![]()
![]()
![]()
![]()
За подготовка на преливот: Во тенџере ставете 16 лажици млеко, 100 г чоколадо за готвење на коцки и 120 г путер. Се става на рингла и повремено се промешува додека да се растопат состојките.

![]()
![]()
![]()
![]()
Чоколадниот сируп се прелива врз врелиот колач, па се остава некое време на собна температура да се излади, па се преместува во фрижидер. Јас одозгора редев и млечно чоколадо на коцки, но може да ставите некое црвено овошје, или ореви, лешници..

![]()
![]()
![]()
![]()

Коментар од Мирослава: „Најубавиот колач кој што сум го пробала! Дома го нарекуваме златен колач, бидејќи се топи во уста. Преливот може да се прави и со пудинг, а на децата им е омилен.“ Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.












