Кремасто и чоко-чоколадно задоволство. Брзо се приготвува, единствено што е поубаво доколку го оставите до утредента да отстои. Така да… ќе мора да се воздржите…

Потребни состојки:

5 јајца

8 лажици шеќер

100 г чоколадо за колачи

200 г маргарин/путер

4 рамни лажици брашно

1 прашок за печиво

-кора од лимон

-прстофат сол

100 мл млеко

5 лажици инстант чоколаден прашок – несквик или слично (за замена може и чоколадно млеко)

500 мл слатка павлака

50 г маргарин/путер

100 г чоколадо

Постапка:

Прво растопете 200г маргарин/путер со 100 г чоколадо и оставете да се излади, не мора целосно да биде ладно.

Вклучете ја рерната на 180 степени и обложете со хартија за печење една помала тепсија.

Изматете цели јајца со шеќер додека да добиете пенаста смеса.

Со лажица промешајте го брашното и прашокот за печиво, потоа растопеното чоколадо и маргаринот/путерот.

Веднаш излејте во тепсија и печете околу 25-30 минути.

Врелата кора прелијте ја со чоколадното млеко и оставете да излади.
Гответе ја околу 3 минути слатката павлака, чоколадото и путерот/маргаринот, па прелијте преку изладената кора.

Оставете да излади околу 20 минути на собна температура а потоа во фрижидер неколку часови.

Исечете на коцки и послужете. Уживајте!