Фото и рецепт: Натич НТ
Потребни состојки:
2 јајца
2 белки
4 лажици
100 г путер/маргарин
100 г чоколадо
3 лажици брашно
½ печиво
1 прашок за пудинг од чоколадо
200 мл млеко за прелевање
За одозгора:
500 мл слатка павлака (хопла)
300 г чоколадо
Постапка:
Се матат 2 јајца, 2 белки, 4 лажици шеќер. Се додава растопен 100 г маргарин со 100 г чоколадо. Потоа му се додаваат 3 лажици брашно, половина печиво и 1 прашак за пудинг од чоколадо.Се печи на 180 °С околу 15 мин зависно од рерната.Откако ќе се испечи топло се прелива со 200 мл топло млеко.На оган се загрева 500 мл хопла(слатка павлака) со 300 гр чоколадо но да не зоврие само да се растопи чоколадото.Со ова се прелива целиот колач одозгора и се остава на ладење 3 до 4 часа..