ЧОКОЛАДЕН КОЛАЧ кој се подготвува за само 15 минути…Рецепт кој сите ги воодушеви…
Брз и вкусен чоколаден колач. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
2 шолји брашно (едната да не е до врв полна)
2 шолји шеќер
1 прстофат сол
3-4 лажици какао
200 г путер
1 шолја врела вода
½ шолја течна павлака
2 јајца
1 лажичка сода бикарбона
1 лажичка екстракт од ванила
1 лажичка цимет
За глазура:
1 или ½ шолја сечкани ореви
100-175 г путер
3-4 лажици какао
6 лажици млеко
1 лажичка екстракт од ванила
3 ½ шолји (400 г) шеќер во прав
1/2 лажичка цимет во прав
Постапка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Подмачкајте тава со средна големина и не заборавајте ги рабовите од страна.
Во подлабок сад измешајте ги брашното (јас користам малку помалку од 2 полни чаши), шеќерот и солта.
Во тенџере измешајте ги маргаринот, водата и какаото во прав. Мешајте додека да зоврие. Прелијте ја смесата во мешавината со брашно. Изедначете и оставете да се олади.
Во друг сад изматете ги јајцата, сода бикарбоната, павлаката, ванилата и циметот. Додајте во смесата од брашно и какао.
Добиеното тесто распоредете го во подготвениот калап префрлете го во подготвената тава за колачи и печете 20 минути.
Пет минути пред да се подготви колачот, направете ја глазурата:
Во тенџере измешајте ги маргаринот, какаото во прав и млекото. Загрејте, а потоа додајте го шеќерот, оревите, ванилата и циметот. Прелијте врз колачот и оставете да се излади.