Потребни состојки:
150 г брашно за колачи од Жито Лукс
300 г чоколадо за готвење
100 г шеќер
150 г путер
4 јајца
30 г мелени бадеми
1 кесичка ванилин шеќер
Подготовка:
Јајцата заедно со шеќерот и ванилата се матат пенесто. Се додава омекнатиот путер и 150 г од растопеното чоколадо.
Сè убаво се меша, па се додава брашното. На крај, се додаваат мелените бадеми.
Смесата се става во коцкеста тепсија подмачкана и набрашнета. Се пече во загреана рерна на 200°С, околу 25 минути.
Откако ќе се испече, се премачкува со преостанатото чоколадо. Се декорира по желба.