Верувам дека многумина ја правеле или барем ја јаделе оваа торта, но мене ми е омилена во последно време поради едноставноста на приготвувањето, буквално се прави за 15 минути – Чоко Моко торта со готови кори, рецепт 1 според Лејла Мурселовиќ и рецепт 2 според Зоки-мил52.

рецепт 1




Чоко Моко тортата е многу сочна и одлична кога брзо сакате да се засладите со нешто убаво, па добро е при рака да ги имате готовите кори за торти (бисквитни теста). Само малку оладете ја и тоа е тоа. Еве што ви е потребно:

рецепт 2




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 800 мл (2х400 мл) слатка павлака, 700 г крем сирење Маскарпоне/Милерам или кисела павлака, 250 г шеќер во прав, 300 г мелени бисквити, 1 пакување готови кори за торта(3 кори), 100 мл (2х50 мл) чоколадно млеко




РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 пакување темни кори за торта (Винчини), 750 мл чоколадно млеко, 250 г шеќер во прав, 800 г кисела павлака, 1 литар слатка павлака, 4 супен и лажици пропжени и мелени лешници, 300 г мелена плазма

рецепт 2




ПОСТАПКА за рецепт 1: Во два различни садови ставете по 400 мл слатка павлака и посебно изматете ги додека да добиете шлаг (не претерувајте со матењето за да не добиете путерест и премногу густ шлаг).




Во посебен сад изматете 700 г крем сирење (или кисела павлака) со 250 г шеќер во прав, па додајте и 300 г мелени бисквити (плазма) и убаво изматете со миксерот додека да добиете еднолична, хомогена смеса.




Врз чинија за послужување ставете ја првата кора и рамномерно натопете ја со 50 мл чоколадно млеко. Кората премачкјате ја со половина од филот и убаво израмнете. Врз филот од бисквити и маскарпоне рамномерно распоредете шлаг од 400 мл изматена слатка павлака, а неколку лажици од шлагот оставете настрана за декорирање на тортата.




Повторете ја постапката и со втората кора: нанесете ја врз шлагот, натопете ја со 50 мл чоколадно млеко, филувајте со остатокот од кремот и на крај шлаг од слатката павлака (и овојпат оставете малку за украсување).




Поклопете со третата кора и целата торта премачкајте ја со шлаг и украсете по желба. Изладете ја неколку часови во фрижидер пред послужување. Деталите од постапката можете да ги погледнете ОВДЕ. Следи постапката од вториот рецепт:




ПОСТАПКА за рецепт 2: Изматете ја киселата павлака заедно со шеќерот во прав додека да се соединат како крем, па на крај додајте ги мелените бисквити (плазма) помешани со мелените лешници.




Настрана изматете ја слатката павлака како шлаг. Првата кора прелијте ја со чоколадно млеко, распоредете фил, па изматен шлаг од слатка павлака. Повторете со останатите кори. Кога тортата е готова целата премачкајте ја со слатка павлака (може и шлаг крем) и декорирајте по желба.