Оваа торта е толку едноставна, но и многу вкусна. Чоко-моко тортата е омилена на дечињата, но и на возрасните.

Не е многу блага, туку е кремаста и освежителна. На домаќинките ќе им се допадне овој раскошен рецепт бидејќи нема печење и се користат неколку едноставни состојки.

Покрај тоа тортата изгледа многу декоративно, а се прави за половина час, а ако сте вешти во кујната и во подготвување на торти и колачи, може да ја направите и за помалку време.

Една состојка дава посебен вкус на оваа торта, а тоа е плазмата која го збогатува вкусот на кремот. Тортата изгледа елегантно и декоративно, нема потреба од дополнително украсување. Еве што ви е потребно за да си ја направите:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 150 г печени лешници/ореви (може и комбинација), 300 г мелени бисквити (плазма), 1 пакување темни кори за колачи (700 г), 200 г шеќер во прав, 600 г кисела павлака, 5 кесички шлаг (околу 250 г или можете да користите и слатка павлака), 300 мл кисела вода, 700 мл чоколадно млеко.

Одозгора можете да декорирате со шлаг, фондан или да растопите 150 г чоколадо со 50 г маргарин или една лажица масло.

ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ ФИЛ: Во еден подлабок сад се мешаат павлаката и шеќерот во прав, па се додаваат мелените бисквити и лешниците.

Лешниците треба претходно да ги пропржите во едно тавче, додека да почнат да го испуштаат својот прекрасен мирис.

Потоа измелете ги во блендер, па додајте ги во садот со останатите состојки. Соединете ги состојките додека да се формира хомогена смеса.

ЗА ВТОРИОТ ФИЛ:

Изматете го кесичките шлаг со газираната вода додека да се формира фин шлаг. Нема потреба од матење со миксер, може и рачно да се измеша со шпатула.

Доколку користите слатка павлака, во тој случај, изматете ја со миксер во цврст снег. Од вториот фил одделете 5 лажици и додајте во првиот фил и измешајте.

ЗА ФИЛУВАЊЕ: Ставете една кора на рамна чинија (вкупно ќе ви бидат потребни три кори). Избоцкајте ја кората со чепкалка за подобро да се впие чоколадното млеко. Натопете ја кората со многу чоколадно млеко, бидете трпеливи додека да се впие.

Премачкајте го филот со третина од филот од лешници, а потоа и неколку лажици од шлагот шлагот. Ставете ја втората кора, избоцкајте ја, натопете ја во чоколадно млеко…и така до крај.

Избоцкајте ја последната кора (третата) и натопете ја во чоколадно млеко. За премачкување на горната кора и страните ставете неколку лажици од филот од лешник измешан со 2-3 лажици шлаг (секогаш останува).


Израмнете колку можете и ставете во фрижидер ја тортата да се излади неколку часа или до следниот ден. Тортата е одлична и ја препорачувам на сите, особено за прилики кога треба да направите брза торта.

Прекрасно се сече и секое парче изгледа фантастично. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.