Потребни состојки за кора:
Од овие состојки се печат две кори во плех 35х24 см
125 г путер
100 г шеќер
2 јајца
150 г брашно
½ прашок за печиво
2 лажици какао
200 мл јогурт на собна температура
Фил:
500 г маскарпоне сирење
2-3 лажици шеќер во прав
½ лимонов сок
1 лажичка екстракт од ванила
170 г темно чоколадо
200 мл слатка павлака за шлаг
Глазура:
200 г млечно чоколадо
20 г чоколадо за готвење
200 мл шлаг
Постапка:
Омекнатиот путер изматете го со шеќер. Потоа додадете јајца и миксајте, па потоа и брашнатите состојки, а на крај јогуртот на собна температура. Сето убаво да се соедини.
Смесата поделете ја на два дела и печете посебно две кори во плех со димензија 35х24 см обложен со хартија за печење. Кората е многу тенка – печете на 180 степени околу 15-тина минути.
Загрејте ја слатката павлака на умерена тепература заедно со чоколадото и мешајте додека да се растопи. Оставете да излади. Сирењето, шеќер, ванила и сок од половина лимон измиксајте, а потоа додадете во изладената смеса од чоколадо и слатка павлака и сето добро измиксајте го.
Редење: кора – ½ фил – кора ½ фил
Преку колачот прелијте по желба глазура. Ставете во фрижидер убаво да излади па сечете на коцки 3,5х3,5.
Milv: coolinarika.com