Доколку сакате да се храните здраво, но сепак не можете да им одолеете на слатките десерти, за среќа постојат и вакви рецепти со кои добивате хранлив колач без шеќер и масти, а сепак извонpедно вкусен со дeликатна мазна конзиcтентност.




Верувам дека секому ќе му стане омилен колач штом еднаш го проба, бидејќи чоколадниот вкус е подигнат на едно повисоко ниво, а со додаток на вашето омилено овошје се добива еден неодолив крем кој можете да го јадете таков каков што е, или пак, како што е предлогот на овој рецепт – да го оладете, па до го јадете како колач.




Овој десерт се приготвува од само две намирници, за помалку од 5 минути, без рерна, без шеќер, без брашно, а нема ниту путер или маргарин. Љубителите на чоколадото со сигурност ќе го направат во двојна количина, а еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г квалитетно чоколадо (може да биде и млечно, но препорака е да биде темно со минимум 70% какао, а може да користите и чоколадо наменето за дијабетичари или пак комбинација од различни чоколади) и 300 г зрели банани (2 големи).




ПОСТАПКА: Чоколадото искршете го на коцки па ставете го во еден помал сад кој ќе го поставите врз тенџере во кое врие вода. Растопете го чоколадото на пареа внимавајќи да не допира водата до горниот сад.




Бананите излупете ги, исечете ги на помали парчиња и ставете ги во обичен блендер (или рачен миксер). Миксајте додека да добиете мазна, хомогена кашеста структура.




Промешајте со лажицата полека, без енергични движења. ќе забележите дека чоколадото и бананата се совршено комаптибилни и набрзо ќе се инкорпорираат во една хомогена, речиси растеглива мазна смеса.




Добиената смеса претурете ја во помал сад обложен со хартија за печење или проѕирна фолија. Тоа може да биде и некоја чиста пластична кутија од сладолед. протресете и израмнете, па ставете ја во замрзнувач 1-2 часа.




Потоа колачот извадете го од калапот и отстранете ја хартијата, па можете да го сечете на коцки и да го послужите. Има нежна текстура и се топи во уста. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.