Рецепт и видео презентација на “Домашни рецепти” (Homemade recipes) – Чоко кекс торта.

Колачот се прави навистина многу брзо со превскусен чоколаден крем кој уште додека е топол се филува врз чоколадни кекси. Пробајте, брзо и вкусно.

Потребни состојки:

1 литар млеко
3 лажици какао
6 лажици пченкарен скроб/густин/нишесте
150 г шеќер
100 г чоколадо
400 г кекси со какао
50 г путер за глазура
200 г чоколадо со лешници за глазура

Постапка:

Во тенџере ставете 1 литар млеко, 3 лажици какао, 6 лажици густин, 150 г шеќер и 100 г чоколадо искршено на коцки. Загревајте на тивок оган со постојано мешање додека смесата да згусне како крем.

Во калап со средна величина наредете еден слој кекси со какао а врз нив рамнемрно распоредете четвртина од топлиот фил и израмнете.

Одозгора наредете нов слој кекси и повторете ја постапката, а исто така и после третиот и четвртиот слој кекси. Врз петиот слој не ставате фил.

За глазура: во еден сад ставете 50 г путер и 200 г чоколадо со лешници. На тивок оган растопете го чоколадото, а потоа глазурата прелијте ја врз колачот и тамномерно распоредете.

Оставете го колачот еден час да одмори во фрижидер за да се стегна и излади, а потоа сечете го и послужете го. Деталите од целата постапка може да ги погледнете во видеото ОВДЕ.