Нашата драга пријателка Рената Трајчевска овојпат ги надмина очекувањата на сите и направи чизкејк за сите пофалби! На ова ремек дело можат да и позавидат и најреномираните слаткарници во светот.

Таа првпат го приготвува овој колач, а за вкусот вели: “Го видов рецептот на интернет и го направив со мали измени, по мој вкус го приготвив со Маскарпоне.

https://www.facebook.com/watch/?v=541037700060670

Не можам да ви објаснам колку е добар вкусот, свиленкаст со различни текстури, секој слој се топи во уста и се чувствуваат различни вкусови од путерот, павлаката, маскарпонето, портокалот, шумското овошје, јагодите и ванилата…senza parole…”

Фотографија и рецепт на Рената Трајчевска.

Потребни состојки: 400 г мелени плазма бисквити, 200 г растопен путер и 1 портокал – сок. За бел крем: 500 мл течна павлака (хопла), 120 г шеќер, 500 г крем сирење маскарпоне, 2 лажици ванилин екстракт, 20 г желатин, 10 лажици ладна вода и 100 мл врело млеко

За овошен прелив: 400 г малини (или по желба шумско овошје, или други бобинки), 100 мл вода, 3 лажици шеќер, 10 г желатин и 5 лажици вода

Постапка: За подлога: Во еден сад се ставаат мелените плазма бисквити и се прелеваат со 200 г растопен путер и сок од еден портокал. Се натапкува на дното од калапот за торти.

За бел крем: Се мати 500 мл хопла со 120 г шеќер. Кога ќе се добие цврст шлаг се додава крем сирењето и две лажици екстракт од ванила.

Добро се мати заедно додека да се изедначи. На страна се растопува 20 г желатин со 10 лажици ладна вода, па откако ќе се растопи и набубри се меша со 100 мл врело млеко. Убаво се промешува и се додава во изматениот крем. Промешаниот крем се распоредува рамномерно врз бисквитната подлога.

За овошен прелив: 400 г шумско овошје (или малини, боровинки) се прелеваат со 100 мл вода и 3 лажици шеќер. Се остава да зоврие убаво.

Се трга од оган и се додава 10 г желатин претходно растопен со 5 лажици вода. Се остава малку да подизлади па се прелива врз белиот крем.

Се остава неколку часа за да се стегне на ладно или во фрижидер.

Фотографија и рецепт на Рената Трајчевска