Медот е многу здрава намирница и досега имаме многу пишувано за неговите лековити својства, поради што е најчесто користена состојка во лековитите препарати. Меѓу другото, медот претставува и најсигурен конзерванс на овие мешавини.
Најчесто поставуваното прашање на читателите на НМД.мк е дали дијабетичарите, со ниво на шеќерот од 6 или 7 единици, смеат да го користат медот, односно разните лековити мешавини приготвени со мед.
Одговорот на ова прашање секако мора да го даде личниот лекар, бидејќи единствено тој ја знае здравствената состојба на својот п ациент и може да даде лична проценка.
Како се утврдува дали некој има дијабетес, објаснува професорот д-р Небојша Лалиќ, декан на Медицинскиот факултет во Белград и експерт за ендокринологија и дијабетологија, за е-клиника. Меѓудругото, тој смета дека дијабетичарите не смеат да кон-сумираат мед, а ова е неговото објаснување:
– Дијабетичарите никогаш не треба да консумираат мед, бидејќи содржи некои форми на шеќер кои тешко се метаболираат и не се добри за дијабетесот.
Резултатот од мерењето на шеќерот во кр-вта, со тримесечен просек од 6,75, покажува дека најверојатно не станува збор за дијабетес, вели професорот д-р Небојша Лалиќ. Како што тој истакна, причината за зголемените вредности на гликоза може да биде и од лекови или некои ди-ети, и тој објасни како точно се утврдува кој има дијабетес.
– Ако во две повторени последователни мерења шеќерот е поголем од 7,1, тогаш тоа е дијабетес. Ако е помеѓу 6,1 и 7, тогаш тоа е тенденција кон дијабетес – нагласува професорот Лалиќ и додава дека на дијабетичарите во исхраната им се забранети слатки, масна храна и ал-кохол. Сè друго, како што посочува, може да се кон-сумира, само во одредени количини, според индивидуалното мени на б олното лице.
Кое ниво на шеќер во к рвта потврдува дека имате дијабетес
За да биде валиден резултатот од гликемискиот тест, според образложението на професорот Небојша Лалиќ, резултатот од шеќерот мора да се измери после 12 часа гладување и да се одреди по две последователни мерења. Ова практично значи дека едно лице треба порано да вечера, и после 12 часа, утрото да даде к рв за анализа.
– Тоа е таканаречениот брз критериум. Дијагностичкиот критериум, кој се наоѓа во научни трудови и кој со сигурност го открива дијабетесот, бара да се направи тест за о рално оптоварување со гликоза или OGTT.
Гликемиската вредност на овој тест се прави кога лицето не јадело, а потоа пие 75 грама глукоза растворена во вода. Два часа подоцна, се утврдува гликемиската вредност. Ако е преку 11,1, во тој случај станува збор за дијабетес – објаснува професорот.
Дури 36 проценти од п ациентите не знаат дека имаат дијабетес
Професорот Небојша Лалиќ нагласува дека дијабетисот е придружен со симптоми како што се зголемена жед, често мокрење и општа слабост и малаксаност. Овие симптоми се важни за класичниот дијабетес, но, како што вели, тие можат да укажуваат и на други болести, а дијагнозата не може да се утврди само врз основа на нив, туку со помош на параметрите во кр-вта.
– Проблемот е што 36 проценти кај нас, а во некои земји дури и до 50 проценти од пациентите не знаат дека имаат дијабетес. Честопати се открива доцна, случајно за време на некој друг преглед – предупредува професор Лалиќ и потсетува дека дијабетесот „не б оли“, не мора да има убедливи симптоми и затоа дијабетисот треба да се бара преку скрининг.
Тој исто така посочува дека дијабетисот оди заедно со хипертензија, коронарна срцева болест, исхемична болест на мозокот … Овие се поврзани болести и затоа е важно навремено да се препознае опас-носта од дијабетесот.