Редовното чистење го зголемува ризикот од умирање а тоа особено важи за мажите.
Во истражувањето кое го спровеле научниците од Универзитетот во Брисел, била споредувана смртноста на вработените во службите за чистење, во однос на оние кои работат во канцеларии.
Мажите вработени во служби за чистење се позагрозени отколку жените
Генерално, опасноста од умирање кај оваа професија е значително поголема во однос на канцелариската работа. Разликата е особено изразена кај машката популација, дури за 45%, додека кај жените е само 16%.
Причините за смрт кај чистачите/чките се болести на бели дробови, срцеви болести, цереброваскуларни болести и рак, особено рак на бели дробови.
Заклучокот, дека мажите треба да стојат подалеку од метлата и правосмукалката, и дека грижата за хигиената на просториите треба да им се препушти на жените, и покрај статистиката, веројатно е погрешен.
Имено, ризикот од смрт е резултат на многубројни фактори. Во истражувањето не биле земени во предвид и прехрамбените навики, пушење, стрес и останати елементарни елементи на здрав живот.
Опасност од хемиски средства за чистење
Најризичната компонента во бизнисите за чистење се хемикалиите кои се користат.
Во Европаската унија се одбиени околу 60.000 производи за чистење на домаќинствата. Како тие дејствуваат меѓусебно? До кои хемиски реакции може да дојде при нивна интеракција?
Авторката на студијата Лаура Ван ден Борре смета дека причината за поголема смртност на мажите би можело да биде нивната нестручност и невнимателност при ракување со средствата за чистење. Очигледно жените се повнимателни и поискусни, па користат гумени ракавици.
Еве каде се крие најголемата опасност:
Чистење на рерната и санитариите
Овој проблем не е ограничен на професионалните чистачки/чи. Дури, тие веќе имаат каква-таква едукација и обука па знаат подобро да се заштитат од полупрофесионалците и аматерите кои ја одржуваат чистотата на своите или туѓите домови.
Во домаќинставата средствата за чистење се користат помалку разумно и стручно отколку кај професионалците. На пример, средствата за чистење на рерна содржат каустифицирана сода (натриум хидроксид-најсилната база) која ја нагризува кожата и слузокожата.
Посебна опасност лежи во комбинирање на хемикалиите. Кога средство за чистење на ВЦ на база на хлор дојде во контакт со средство за вадење на наслаги од калциум за санитарии, може да се создаде гасовит хлор кој се користел како прв боен оров.
Поука од серијата „Breaking Bad“
Бриселските научници советуваат да се пристапува кон чистењето со ракавици, заштитни очила и маска, а претходно добро да се проучат симболите за опасни материи што се означени на пакувањето од средството за чистење.
Во секој случај, добро е да се сетиме на зборовите од Walter White, од серијата: „Хемијата мора да се почитува“.