Чиа палачинки без брашно за здрав појадок
Подгответе вкусен и хранлив појадок за само 5 минути со овие чиа палачинки, кои се идеални за оние што водат здрав начин на живот.
Овие меки и еластични палачинки не содржат брашно, шеќер или преработени состојки, а се совршени за комбинирање со слатки или солени филови по ваш вкус – од свежо овошје и јогурт до зеленчук, лосос или шунка.
Чиа семето, богат извор на влакна, омега-3 масни киселини и протеини, го прави овој рецепт нутритивно моќен избор за енергичен почеток на денот, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
– 30 г чиа семе (2 лажици)
– 100 мл млеко или течна павлака (по можност со 10% масленост)
– 100 мл вода
– 3 јајца (или 2 за полесна текстура)
– 20 г путер (растопен) или растително масло
– прстофат сол
– НМД
Постапка:
1. Во длабок сад скршете 3 јајца, додајте прстофат сол и течна павлака, па изматете со миксер. Додајте мелено семе од чиа (не мелете го премногу) и 100 мл вода.
2. Промешајте и додајте 20 г растопен путер или растително масло и повторно измешајте.
3. Загрејте сува тава со дијаметар од 18 см на средна температура.
4. Истурете дел од смесата во тавата и печете ја палачинката 2 минути од едната страна, а потоа 1 минута од другата страна.
5. Повторете ја постапката додека да ја потрошите целата смеса. Од наведените состојки се добиваат 6 палачинки.
Напомени:
– Палачинките се нежни додека се топли, а по ладењето стануваат поцврсти и еластични.
– Доколку ви останат палачинки, чувајте ги на собна температура во затворен сад.
– Сервирајте ги со фил по избор: свежо овошје, јогурт, сирење, зеленчук, лосос или шунка.
Уживајте во овој здрав и брз појадок! Постапката можете да ја погледнете во видео прилогот ОВДЕ:





































