Најбогатата слика на посна славска трпеза се солените торти кои всушност многу лесно се приготвуваат а изгледаат спектакуларно…

Многумина нема да ви веруваат дека за нивното приготвување ви биле потребни само 15 минути. Но тоа е вистината. Поентата е да се погоди вистинската мерка, редењето и украсувањето на тортата. Уживajте додека ги приготвувате јадењата за вашата слава. Ова се неколку феноменални рецепти за посни солени торти:




СОЛЕНА ТОСТ ТОРТА – Потребни состојки: 1 пакување тост леб, 1 конзерва туна (180 г), 1 лажица сенф, 1 лажица посен мајонез, 1 рендана кисела краставичка, вода од киселите краставички, 300 г ајвар

Постапка: Тост лебот кратко натопете го во водата од краставичките, па редете го на долгнавеста чинија за сервирање. Во првиот ред наредете 4 тост лепчиња по должина. Преку лебот намачкајте половина од ајварот, па наредете втор слој лепчиња.




Измешајте туна, сенф, посен пајонез и краставички, па со половината од оваа смеса премачкајте го лепчето. Наредете следен ред лепче, па премачкајте со ајвар. Па преку последниот ред тост лепчиња премачкајте со остатокот од филот со туна.




БОГАТА ПОСНА ТОРТА СО ШАМПИЊОНИ – Потребни состојки: 1 пакување кори за розен торта, ½ маргарин, 150 г ајвар, 150 г посен димен кашкавал или тофу сирење, 300 г шампињони, 4-5 лажици спанаќ, 6 лажици густин. Постапка: Сварете 500 мл вода со 6 лажици густин и малку сол.




Кога ќе излади изматете половина маргарин и поделете го на три дела. Во првиот дел додајте 150 г ајвар, во вториот дел додајте 150 г рендан кашкавал и во третиот додајте 300 ф шампињони. Посебно сварете 4-5 лажици спанаќ и измешајте со малку брашно. Редете: кора – 1 фил, кора – 2 фил, кора 3 фил – спанаќ, кора – 3 фил, кора 2 фил, кора 1 фил




ПОСНА ТОРТА СО КРЕКЕРИ – Потребни состојки: 300 г посни крекери, 150 г маргарин, 200 г посен мајонез, 1 лажица сенф, 2-3 кисели краставички, 2 варени моркови, 2 варени компири, 50 г печен сусам и 50 г печени кикирики




Постапка: Маргаринот изматете го пенесто, а потоа додајте мајонез и сенф па заедно добро изматете ги, такашто ќе добиете изедначен крем. Морковот, компирот и киселите краставички исечете ги на коцки, а потоа измешајте ги со кремот. Уште еднаш добро промешајте да се спојат состојките.




На чинија за сервирање наредете ред крекери претходно натопени во малку вода. Преку нив наредете ред фил, па повторно крекери и фил и се така додека да ви се потроши материјалот.

Тортата премачкајте ја со посен мајонез, а потоа украсете со печен сусам и кикирики. Оставете во фрижидер да излади а крекерите да го впијат филот. Најдобро би било тортата да отстои преку ноќ, а доволни се и 2 часа.




ПОСНА САЛАТА СО ОБЛАНДИ – Потребни состојки: 3 листа обланди, 250 г маргарин, 250 г мајонез, 50 г сенф, 100 г печен сусам, 1 лимон – сок, 2 лажици ајвар, 50 г печени кикирики и 50 г блитва

Постапка: Маргаринот пенесто изматете го а потоа помешајте со мајонез, сенф, сусам и лимонов сок. Добро измешајте ги за да се изедначи смесата, а потоа поделете ја на три еднакви дела.




Во првиот дел додајте ајвар, во вториот додајте претходно обарена блитва, а во третиот сечкани кикирики. Сите три смеси посебно измешајте ги за убаво да се изедначат.

Првиот лист обланда премачкајте го со смесата од ајвар, ставете го вториот лист обланда, па преку него смесата од блитва, па третиот лист обланда и на крај смесата од кикирики. Рамномерно распоредете по целата торта од оваа последна смеса, а по вкус додајте уште малку печен сусам одозгора. Оставете ја тората да излади и омекне.