ЧАША ГРИЗ И 2 ЧАШИ КЕФИР! Многу вкусен колач…речиси од ништо! Ова е еден брз колач кој сигурна сум дека ќе ви стане омилен, не само поради вкусот, туку и поради брзината и едноставноста со која се подготвува. Мерете со чаша од 200 мл, но може и со 250 мл. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 чаша гриз
1 чаша шеќер
2 чаши кефир или јогурт (малку замлачен, да не е ладен)
1/2 чаша растително масло
1 чаша брашно
1 мала лажичка прашок за печиво или сода бикарбона
2 супени лажици какао во прав
2 супени лажици брашно

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад измешајте по една чаша гриз и шеќер, па додајте јогурт/кефир, промешајте и оставете настрана 15 минути за да набубри гризот.

Потоа додајте половина чаша масло и просеано брашно помешано со прашок за печиво. Добро изматете со рачна маталка додека да се разбијат сите грутчиња и да добиете хомогена смеса.

Поделете ја смесата на два еднакви делови. Во едната ставете две лажици какао, а во другата две лажици брашно. Измешајте до изедначување.

Замете калап или огноотпорен сад и намастете го само со растително масло (доволна е една лажица). Потоа започнете наизменично да црпите од тестата и да го полните калапот.

Една полна лажица бела смеса, па полна лажица кафеава смеса и сè така додека да се исполни. Потоа поминете со дрвено стапче/чепкалка за да направите шари.

Протресете и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 35-40 минути.

Извадете го и оставете го да се подизлади. потоа сечете го и послужете го, а по желба можете да го наросите со шеќер во прав.

Колачот е превкусен, нема да се покаете ако го направите. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.