Направете нешто добро за себе: секој ден испијте една шолја од овој чај. Без разлика дали ќе го користите свежа или сува билка, ориганото е популарен лековит зачин кој се користи веќе илјада години.
Бидејќи ориганото, а особено дивото, е антиоксидативен, антитуморски и антиинфламаторен лек, помага и се користи во лекување на разни болести, особено на оние од инфективна природа.
Најчестиот начин на лекување со оригано е консумација на чај од оваа билка. Чајот од оригано може да се приготви од свежа билка или од сува. Една до две лажички оригано се потопуваат во зовриена вода, се остава 5 минути поклопено, па се процедува и пие.
Препорака е овој чај да се пие 3 пати дневно. Бидејќи е антиканцероген, се препорачува да се пие по една шолја дневно како превенција од тешки заболувања.
Чајот од оригано може да излекува или ублажи: гушење, артритис, кашлица и настинка, дигестивни пречки, болка во мускули, забоболка, акни, алергии, подуеност, замор, главоболка, болка во увото, срцеви проблеми, киселини во желудник, инфекции во уринарен тракт и менструални грчеви.
ЧАЈ ОД ОРИГАНО – Потребни состојки: 4-6 лажици суво оригано, 800 мл вода, 1 лимон и малку мед.
Постапка: во зовриена вода ставете го ориганото, оставете да врие еден клуч, а потоа тргнете го настрана, поклопете и оставете околу 4 минути.
Може да го процедите и да го пиете топол, но можете да го оставите да подизлади, па потоа да го процедите и да го засладите со малку мед и лимон, па потоа да го пиете во текот на целиот ден.