Лек за сите оние кои имаат желудочни проблеми и проблем со белите дробови. Тинктурата од дивизма двегодишна билка позната по нејзиното чудотворно дејство уште од многу одамна. Кај народот е познато и како кралско цвеќе (уште се нарекува бабјак, лопен..), а во минатото била позната билка кај Римјаните, кои изговарале волшебни зборови берејќи ја.

Се карактеризира со крупни жолти цветови и расте на земјишта кои не се плодни, како и покрај шумски падини и песокливи области покрај реки. Билката може да се најде од јуни до октомври, кога е всушност и нејзиниот период на цветање. Коренот се бере во март.

Бабјак

Лековити се сите делови на билката, особено цветот, со тоа што се бере во текот на целото лето и есенскиот период, најпрепорачливо наутро. Мирисот се менува кај сувите листови, со арома на мед, а нивната лековитост е поврзана со нивната жолта боја. Оваа билка содржи танин, пектин, фенолна киселина, шеќер и етарско масло кои се наоѓаат во цветот, додека семето и другите делови се благо отровни.

Бабјак

Се бере накај 9 – 10 часот наутро, кога уште сонцето не е силно. Собраните цветови се складираат во картонска кутија, добро затворена или во темно шише. Цветовите се полнат во темна флаша, а потоа се прелива со јака ракија. Се остава да отстои на топло место, 4 – 6 седмици.

Бабјак

Тинктурата се користи така што се вмасирува на гра.дите, при на.пад на астма и се втријува во кожата. Помага во истиот момент.

Чај од дивизма: Особено се препорачува кај сите болести на дишниот систем, особено ако се проследени со сува кашлица, но и кај другите наведени болести. Во 200 мл врела вода прелијте 1 чајна лажичка билка, поклопете и оставете да отстои 15 минути, па процедете.

Бабјак

Примена: Пијте 2 – 3 шолји чај со мед. Ако ве мачи ноќна кашлица, пригответе чај во термос, па така можете да пиете чај по потреба. На истиот начин можете да приготвите и напиток со млеко кој е исто така корисен при дишни проблеми.

Бабјак

Облози за очи: Одлична облога против сите видови воспаленија на очи: попарени цветови од бабјак. Цветовите ставете ги во платнена вреќичка или завиткајте ги во марама, натопете во чај од лопен и малку оставете така попарено за да ги пуштат лековитите состојки.

Бабјак

За уринарни тегоби: Измешајте 3 дела корен од бел слез, 2 дела корен од дивизма, 1 дел корен од ресник (конопиљка) и 1 дел корен од слатко дрвце (Glycyrrhiza glabra). Една чајна лажичка од оваа мешавина се става во 250 мл вода. Варете во зовриената вода 20 минути, процедете и пијте во мали голтки во текот на целиот ден.

Листовите се берат после цветањето по сончево и суво време, па се сушат и се чуваат во херметички затворен сад. Коренот се копа доцна во есен или рано во пролет, пред да започне да зазеленува.

Напомена: Лопенот нема познати нуспојави и се смета за сигурна билка. При орална употреба потребно е да се процеди низ густа ткаенина, бидејќи во себе содржи ситни влакненца кои можат да го иритираат грлото.

Мацерат од дивизма (бабјак, лопен..): Во 500 мл маслиново масло потопете 65 грама сув цвет од лопен и оставете 40 дена на сончево место. Процедете низ густа газа и затворете во темно шише. Се чува на темно и ладно место.

За проблеми и б олки во увото: Капнувајте по 3 капки, трипати на ден, наутро, напладне и навечер. За проблеми со очите се прави газа и се мачка 2 – 3 пати дневно, а проблеми со кожа – неколку пати дневно до подобрување на состојбата.

Тинктура од дивизма (бабјак, лопен..): Тинктурата се препорачува кај б олки во кос.ки, р”бет, при вирусни, бактериски и габични инфекции. Во 500 мл додајте 60 – 70% ал-кохол, па ставете 65 г сув цвет од дивизма и оставете да отстои 2 седмици на топло место.

Процедете низ густа газа во темно шише. Чувајте на темно и ладно место. Примена: 3 – 7 капки, 3 – 4 пати дневно. Можете да започнете со помала доза која подоцна е потребно да ја зголемите.