„Од овој бабин лек веднаш ми помина кашлицата – природно си е природно”, вели жената која го објави бабиниот лек кој многу и помогнал, пишува НМД.мк
„Рецептов е испробан повеќепати и криво ми е што веднаш кога ги добив првите симптоми, не се сетив на него. Секогаш помага, само не може веднаш да делува за еден ден, како со маг-ично стапче, туку мора неколкупати да се конcyмира.
„Но сепак, од првото пробување на напитокот веднаш се чувствувате подобро, тоа гарантирано, а колку повеќе го пиете овој природен лек, толку подобро се чувствувате. Мене овој чај – бабин лек, ме спаси од напорната кашлица.
Еве три недели како сум веќе настината и секогаш кога сум б олна прво се фаќам за апчињата. Ама кога ќе видам дека не оди… тогаш ми текнува на овој чај. Испробајте го и уверете се сами, едноставно, наместо вода го пиете овој чај.
Ова е еден стар, стар рецепт. Велат, настинката без апчиња трае 7 дена, а со апчиња исто 7 дена! Значи исто ти се фаќа, ама кај мене се развлече веќе трета недела како што сум б олна и џабе пијам лекови.
Вчера и денес го пиев чајот и веќе ми е полесно и помалку кашлам, а уште малку и како нова ќе бидам. Да си го направев чајов уште на почетокот, кога ги добив првите симптоми на настинка, сега веќе ќе бев здрава.
Потребни состојки: 2 литри вода, 1 јаболко, 1 лимон и 1 црвен кромид. Постапка: Во тенџере ставете вода, па додадете добро измиено: јаболко, лимон пресечен на половина и кромид со пресечен корен (исчистен, без коренот).
Ставете го тенџерето со состојките на оган и гответе ја содржината додека јаболкото да пукне и чајот да добие убава жолта боја. Ако испари многу вода, тогаш додадете уште малку, да се надополни.
Кога чајот ќе се свари, исцедете го лимонот што се вареше (ако има семки извадете ги), а јас дури и го јадам јаболкото. Чајот се пие топол и затоа е најдобро да си го ставите во термос за да не мора постојано да го подгревате.
Брзо делува, ве загрева и ве релаксира. Може да направите и двојна количина, зошто колку почесто и повеќе пиете толку ви е подобро. Јас правам помала количина и успевам додека е сè уште топло целиот чај да го испијам…
Коментар на Благица Илиевска: „Јас го пиев пред две години (истиов чај). Имав тежок бронхитис. Две дози испив јаки антибиотици, но кашлањето не запираше.
Во мојот рецепт јас ставив две главици кромид, еден цел лимон добро измиен, јаболка две до три и десеттина ореви со лушпа само малку поткршени. Напитокот се вари додека да се преполови течноста”, објасни Благица Илиевска.
ВТОР РЕЦЕПТ ЗА ЕФИКАСЕН ПРИРОДЕН ЛЕК ПРОТИВ КАШЛИЦА. За да го приготвите овој природен лек ќе ви биде потребно: 1 кг црвен кромид, но може и обичен кромид иако овој е најдобар, 500 г мед, 10 ловорови листови, може повеќе или помалку.
Се приготвува на следниот начин: Излупете го кромидот и исечкајте го на четвртинки. Ставете го во тенџере заедно со ловоровиот лист (по можност во оние садови за готвење без вода) и додајте што е можно помалку вода. Јас ставам околу 100-200 мл вода.
Се готви поклопено на најтивко, околу еден час или повеќе. Ако водата испари додајте уште. Процедете на густа цедалка или уште подобро преку газа, бидејќи лекот е посилен колку што имате помалку отпад.
Кога ќе излади помешајте го со медот и чувајте го во фрижидер. Се пие како сируп, трипати дневно, по две супени лажици, а ефектот се чувствува веднаш после првиот ден.
Од оваа количина обично добивам една тегла од 1 кг, иако многу зависи од самиот кромид. Смесата би требало да биде желатинеста, но се случува да излезе и течна, пак и ова зависи од тоа колку добро е процедено.
Јас вадам од содржината и ставам малку на оган или може и во микробранова да се потстопли и да стане течно, па потоа им давам на децата.
Иако кромидот е основа за овој лек, вкусот не е лош бидејќи ловорот доста го подобрува, но вие можете ако сакате да си додадете и каранфилче или цимет за уште повеќе да го подобрите.