Народните лекови ако се применуваат правилно, секогаш се побезбедни од синтетските лекови, а за овој чај од смоквин лист, сите велат дека делува за само неколку недели.
Смоквиниот лист можете и сами да го сушите, само наберете здрави листови, измијте ги, исцедете ги на чиста кујнска крпа, па ставете ги на проветно место и под сенка да се исушат со повремено превртување.
Чајот од смоквин лист го нарекуваат и еликсир на животот, бидејќи изобилува со антиоксиданти и влакна, содржи витамини А, Б1 и Б2, како и минерали: калциум, железо, манган, фосфор, калиум и натриум…
Па, доколку боледувате од бронхитис, дијабетес, чир на желудник или имате висок притисок, овој чај е прав лек за вас.
Иако плодовите не им се препорачуваат на дијабетичарите поради високото ниво на шеќер, смоквиниот лист е здрав и корисен токму за оваа група луѓе, бидејќи помага во регулацијата на нивото на шеќерот.
Со консумација на овој чај може да се превенира дијабетесот, бидејќи се зголемува осетливоста на инсулин.
Смоквините листови особено се препорачуваат за тегоби со уринарниот и дигестивниот тракт. Чајот помага за намалување на високиот крвен притисок и нивото на триглицеридите во крвта, со што дополнително го заштитува срцето и крвните садови.
Бенефити од смоквиниот лист: го регулира нивото на шеќерот во крвта, помага при слабеење, го стабилизира крвниот притисок, ги намалува триглицеридите, ги јакне коските…
Помага кај кожни заболувања, помага кај анемија, ублажува тегоби со чир на желудник, спречува опстипација, го унапредува здравјето на срцето и крвните садови, помага кај афти.
Како лек се користат листовите о зелената и црната смоква, подеднакво се добри. Освен што од нив можете да приготвувате чај, листовите може да се џвакаат и свежи, што е одлично за чир на желудник.
СУШЕЊЕ НА СМОКВИН ЛИСТ – Доцна напролет, лето или есен може да се берат листовите од смоква.
Одберете здрави и цели смоквини листови, откинете ги внимателно и наредете ги убаво распоредени врз чиста површина на која ќе ги сушите.
Се сушат на сенка, на темно и проветно место. Дека се суви листовите, ќе забележите по тоа што се ронат на допир.
За побрзо да ги исушите, можете пред сушењето да ги искинете на помали парчиња. Кога се убаво исушени, смоквините листови издробете ги и складирајте ги во стаклена тегла со капак.
ЧАЈ ОД СМОКВИН ЛИСТ – Во здравствени цели, чајот од смоквин лист се препорачува да се пие околу еден месец секојдневно, а потоа да се направи пауза од неколку седмици за да може повторната консумација да има подеднакво силно дејство како и првиот пат.
ПОМОШ КАЈ ДИЈАБЕТЕС- Две лажички суви и издробени смоквини листови прелијте ги со 200 мл зовриена вода.
Поклопете ги и оставете го напитокот да отстои 10-15 минути. Потоа процедете го низ цедалка. Секое утро испијте по една чаша чај со појадокот.
ПОМОШ ПРИ ЧИР НА ЖЕЛУДНИК И АФТИ ВО УСНАТА ШУПЛИНА – Секој ден добро соџвакајте по 2 нежни смоквини листови, па проголтајте ги.
Освен што помага кај чир во желудник и надразнета слузокожа, ќе го освежи вашиот здив и ќе ги ублажи непријатните афти.
ПОМОШ КАЈ БРОНХИТИС – Сварете 3 смоквини листови во вода со малку интегрален шеќер, па испијте ја течноста.
Освен кај дијабетес, чир, афти и бронхитис, чајот се препорачува да се пие и за подобро здравје на срцето, намалување на високиот крвен притисок, како помош во лекувањето на карцином и анемија.
НАПОМЕНА: Пред употреба на чаеви и препарати од народната медицина, секој треба да се советува со својот лекар.