Деновиве бележиме тропски горештини, а се најавуваат уште повисоки температури. Да се заштитиме на природен начин!
Чај од ориз
Измијте го оризот со студена вода. Најдобро е да користите интегрален ориз, но ќе послужи каков и да имате.
Исцедете го и пропржете го во тава, непрекинато мешајќи, додека да добие златножолта боја. Додајте вода 10:1.
Оставете да зоврие, намалете го огнот и оставете да се вари на тивок оган 15-30 мин. Во текот на варењето ставете прстофат морска сол.
Процедете го чајот а оризот можете да го употребите за подготовка на некое јадење.
Овој чај е добар за сите возрасти, посебно за бебиња при висока температура. Најмногу се користи летно време за нормализирање на телесната температура, но исто така е корисен за нормализирање на столицата при запек, дијареа или хронична главоболка.
Чај од пченица (јачмен)
Пржете го житото во тешка тава 5-10 мин. на среден оган, непрекинато мешајќи го. Додајте 10 дела вода на 1 дел жито (10:1) и оставете да зоврие. Кога чаот ќе зоврие намалете го огнот на тивко и оставете да се вари уште 15 мин.
Чајот од пченица е освежителен пијалок преку лето, а чајот од јачмен ги топи маснотиите во организмот.
Чај од пченкарна свила
Ставете во вода свежа или исушена пченкарна свила и варете ја. Овој чај е делотворен кај здравствени проблеми предизвикани од прекумерна потрошувачка на сол или намирници од животинско потекло- посебно при запек или ретко уринирање.