Аронија посадивме пред четири години и веќе три лета имаме плодови, секоја година сè повеќе и повеќе. Од плодовите правам сок и џем, свежите плодови малку ги просушувам па ги ставам во мед (рецептот го видов овде на НМД.мк) и нешто од плодовите ги сушам за чај.
Неколку килограми аронија ги замрзнувам, бидејќи ако некому му затреба за подобрување на к рвната слика или болест, обично не смеат да к онсумираат препарати со шеќер, па и за превентива е добро да се јадат по 10-тина зрна. Кога се смрзнуваат тие не губат воопшто од својата нутритивна вредност.
Минатата година сосем случајно дознав дека и листот од аронија е исклучително квалитетен и полн со витамини, па се суши и од него се бере чај. Билкарот од кого го дознавме ова ни рече дека овој чај дава енергија доволна за да изработите две смени, а спортистите да постигнат врвни резултати.
Листот се бере кога ќе ја промени бојата во црвена и пред да падне од гранката. За проба оставивме помала количина листови, ги исушивме и сега повремено уживаме во прекрасниот чај.
Малку е да ви кажам дека овој чај нè воодушеви. Вкусот е прекрасен, бојата неодолива. Со неколку додатоци, јас го претворам во вистинска заштита од вируси кога времето е променливо и во студените денови. Ќе ви откријам како јас го приготвувам чајот со додатоците и како класично се приготвува.
Потребни состојки: сув лист аронија, суви бобинки аронија, ѓумбир, лимон, мед. Постапка: два-три прстофати лист сув од аронија (по желба ставете и некое парче ѓумбир) прелијте ги со 400-500 мл вода, па откако ќе зоврие намалете на умерена температура и варете уште 10-тина минути.
Потоа чајот оставете го да се олади и по желба додајте мед и лимон. Обично ја правам оваа комбинација: 2-3 прстофати сув лист од аронија, неполна рака суви бобинки од аронија и малку ѓумбир. Ги преливам со 600-700 мл вода и варам 10-тина минути.
Кога малку ќе подизлади чајот го процедувам и во него цедам сок од еден лимон и додавам мед по вкус. Овој чај го пиеме навечер, најдоцна еден или два часа пред спиење, но може да се пие и во текот на целиот ден за да ви даде енергија, пишува НМД.мк
Веќе одлучивме дека следната година ќе собереме многу повеќе листови за да можеме што повеќе да ужи-ваме во него. Листовите може да се берат и кога се зелени, но најдобри и најкавлитетни се оние наесен, кога ќе ја променат бојата, пред да опаднат.
Листовите од аронија не можете да ги најдете на пазар ниту некаде во продажба зошто многу малку се знае за нив, па затоа доколку во вашата градина сте посадиле некоја грмушка, наберете колку можете оваа есен и сочувајте си за себеси, но и за некој кому ќе му биде потребен овој чај.
КЛАСИЧЕН РЕЦЕПТ ЗА ЧАЈ ОД ЛИСТ ОД АРОНИЈА: Доволни се пет суви листа од аронија да се прелијат со еден литар зовриена вода. Садот поклопете го и оставете го вака еден час за да се екстрахираат лековитите материи. Штом водата се обои и стане црвенкаста, процедениот чај можете да го засладите со мед и да му додадете сок од лимон, пишува НМД.мк / Ози-бу