Практични совети: Не купувајте мелено ленено семе, секогаш купувајте цели семки и мелете ги пред употреба. Семето чувајте те го во добро затворена тегла на место што не е изложено на светлина и топлина. Лененото семе може да се конзумира цело (ако добро го џвакате) или мелено. Меленото семе полесно се абсорбира.

Од друга страна лененото масло е многу покорисно но многу брзо се расипува. По отворањето треба во рок од неколку дена да го искористите бидејќи што повеќе е изложено на воздух побрзо се расипува, затоа секогаш купувајте мали количини

Мал совет: доколку семето го мелете во мала електрична мелница за кафе поради содржината на масло ќе дојде до формирање на паста; за поедноставно и подобро мелење семето измешајте го со семе од коприва или со некои житни снегулки

За овој напиток зборува целиот свет. Експертите велат дека сите жени треба да го пијат овој одличен пијалак!

Исто така го препорачуваат за брзо и ефикасно слабеење и елиминирање на грдиот целулит.

И секако, овој напиток го обезбедува она што што секоја жена го сака, а тоа е – затегната и убава мазна кожа. Името на овој моќен напиток е чај од ленено семе. Изненадени сте?

Веројатно знаете дека лененото семе е одличен извор на многу здрави нутриенти како што се: витамини, минерали, масни киселини и диетални влакна кои помагаат во регулацијата на дигестивниот систем.

Исто така, помага во елиминација на токсините и штетните материи од вашето тело; го намалува нивото на шеќер во крвта и го нормализира апетитот.

Го снабдува телото со лецитин и претставува одличен чистач на цревата. Лененото семе го забрзува согорувањето на масните наслаги и помага во “топење” на салото околу стомакот.

И, она што сите го посакуваме, лененото семе овозможува здраво и ефикасно слабеење, па затоа голем број луѓе во светот, особено жените, го пијат овој напиток бидејќи се воодушевени од резултатите.

И, како што ви е веќе познато, лененото семе го препорачуваат доктори на пациенти кои боледуваат од хроничен гастритис, чир на желудник, пиелонефрит, цистит и хемороиди.

Овој домашен чај од ленено семе многу лесно и едноставно се приготвува. Единствено треба да ги следите инстркциите. Еве што треба да направите:

Потребни состојки:

1 литар зовриена вода
3 супени лажици ленено семе

Или за единечна употреба:
1 лажица мелено ленено семе со 250 мл вода

Постапка:

Еве што треба да направите – многу е едноставно! Само зовријте ја водата и прелијте го лененото семе. Потоа, покријте го садот и оставете да отстои преку цела ноќ.

Може да користите и термос, доколку сакате. Наутро процедете.

Како се користи:

Експертите велат дека треба да се пие по 150 мл од овој одличен напиток, 3-4 пати дневно, 30 минути пред главните оброци. Потребно е секој ден да приготвувате свеж напиток (не правете залихи!).

Овој чај можете да го пиете колку што сакате, додека да ги постигнете посакуваните резултати. Ќе бидете изненадени!

Експертите потврдуваат дека со редовна консумација на чајот од ленено семе, кожата станува поеластична, поздрава и позатегната и нема да биде опуштена и збрчкана откако ќе ослабете.

И да, исто така ќе ви помогне да ослабете побрзо и да го елиминирате целулитот. И не заборавајте да пиете многу вода додека сте на овој третман.

Напомена: Чајот од ленено семе не се препорачува за луѓе кои страдаат од: камења во бубрези и жолчно кесе, зошто може да ги придвижи.

За лекување:

Консумирајте 1 лажица ленено семе со вода или овошен сок, за да се елиминира песокот од бубрезите и мочниот меур.

За лекување на различни надворешни воспаленија, чиреви, болести на белите дробови – направете мешавина од 1 лажица ленено семе, неколку капки лененото масло и топла вода и нанесете врз погодените места.

(Надворешно) Покријте со памучна крпа и менувајте ја преврската 2-3 пати дневно. Кај останатите случаи консумирајте по 1 лажица ленено семе дневно.

Консумирајте по 1 лажица ленено масло и ако имате проблем со хемороиди, тешко варење и каснувања од инсекти. Исто така е корисно и за лекување на туберкулоза.

За да го забрзате процесот на зараснување на рани и изгореници, намачкајте малку ленено масло на болното место.