Кромидот (Allium Cepa) припаѓа на растенијата од семејството Alliaceae каде припаѓаат лукот и празот. Тој е еден од најстарите култивирани зеленчуци познати на човекот.
Потекнува од Блискиот Исток и Азија. Од далечното минато се користи и за најразлични медицински цели, борба против настинките, гриповите и разни други заболувања.
Поради специфичниот вкус и мирис има широка примена во кујната, како основа за рецепти, како додаток, зачин, но и во подготовка на најразлични салати. Црвениот кромид има нешто поблаг вкус, додека жолтиот (белиот) има поостар вкус.
Познатото „плачење” кое го предизвикува кромидот е резултат на флавоноидните сулфурни компоненти кои се ослободуваат при сечењето, односно при „разрушувањето” на неговите клетки во чии мембрани се наоѓаат овие компоненти.
Кромидот има богата хранлива вредност, содржи малку калории, а во него има и јаглехидрати, протеини, масти, растителни влакна, витамин Ц, Б1, Б6, Б9, манган, калиум, бакар, магнезиум, фосфор и железо. Покрај ова, кромидот содржи и помали концентрации цинк, селен, витамин К, холин и други витамини од Б групата.
Има моќен антиоксидативен состав
Антиоксидантите се одбранбениот механизам на телото од слободните радикали – штетни компоненти кои постојано се продуцираат како метаболитички отпад во телото и оксидативно ги оштетуваат неговите различни клетки и ткива.
Организмот има механизми самиот да продуцира одреден процент на потребни антиоксиданти, но сепак зависи и од внесените. Црвениот кромид, генерално содржи антоцијанини – специјални растителни пигменти (му го даваат црвеното обојување) од групата на флавоноидни антиоксиданти.
Различните видови кромид содржат и над 25 други видови флавоноидни антиоксиданти од кои најпознат и во најголемо количество е кверцетинот (кромидот е најдобар извор на овој антиоксидант).
Одлична храна за здраво срце
Наведените флавоноидни антиоксиданти со кои се богати различни видови кромид, можат да ја намалат хроничната инфламација преку борбата со слободните радикали и да делуваат за поуспешно намалување на мастите и холестеролот во кр-вта.
Моќните антивоспалителни својства на кромидот можат да делуваат и на намалување на кр-вниот притисок, како и на превенција од тромбоза. Ова е покажано со низа научни студии.
Одреден позитивен ефект за здравјето на срцето имаат и калиумот и растителните влакна – компоненти кои се застапени во солидни количини во кромидот. Истражувањата утврдуваат дека оптималниот внес на калиум, води кон намален ризик од срцев и мозочен у дар (го намалува високиот кр-вен притисок) и спречување на намалувањето на мускулната и коскена маса.
Храна за слабеење и за одржување на дигестивното здравје
Кромидот има навистина ниска калориска вредност. Ова го прави одличен како додаток во исхраната при слабеење. Исто така, нешто што е многу важно за процесот на слабеење – кромидот содржи одлични количества растителни влакна.
Кромидот е богат со пребиотици од кои корисната цревна микрофлора може да создаде кратковерижни масни киселини – ацетат, пропионат и бутират. Кромидот го забрзува метаболизмот и на тој начин потпомага во процесот на намалување на вишокот килограми.
Растителните влакна помагаат и при еден од најчестите проблеми со дигестивното здравје – констипацијата или запекот. Едно истражување покажува дека со зголемувањето на внесот на овие влакна во организмот, опаѓаат шансите за развивање на колоректален канцер.
Одлична храна за дијабетичари
Јадењето кромид може да помогне во контролирањето на глукозата во кр-вта, што е од особено значење за дијабетичарите и оние во предијабетична состојба. Се смета дека ваквите антидијабетични ефекти се должат на флавоноидните антиоксиданти на кромидот, како кверцетинот, но и другите сулфурни компонетни.
Кромидот потпомага во одржување на здравјето на косата, кожата, ноктите. Има имуностимулирачки ефект кој се должи на присуството на витамин Ц во кромидот. Кромидот исто така помага за воспоставување на подобар сон и расположение.
Оваа негова придобивка се должи на присуството на витамин Б во кромидот, поточно фолатите кои спречуваат создавање на вишок хомостицеин во организмот. Кромидот помага при лекување на астма и артртитис поради неговите антивоспалителни својства.
Познато е дека кромидот го штити организмот од слободните радикали, делува како превенција на туморите и ги уништува постоечките. Кромидот содржи повеќе од 30 антиканцерогени соединенија во неговиот состав.
Исто така, кромидот превенира од дијабетес, а кај дијабетичарите го намалува шеќерот во кр-вта. Доколку имате болки во увото, кромидот е најдобриот природен лек за лекување на оваа болна состојба.
Кромидот помага и во намалување на високиот кр-вен притисок. За тоа е одговорен кверцетинот, соединение кое го содржи кромидот и има силно антиоксидативно дејство. Доколку имате проблем со алергија, овој лек е одличен за смирување на истата, особено во пролетниот период.
Кромидот, исто така се користи за лекување на некои кожни болести. За лекување на простата кај мажи се препорачува секојдневно да консумираат суров кромид. За лекување на срцеви проблеми се препорачува консумирање на чај од кромид.
За кожни болести – изблендирајте еден лимон и еден сечкан кромид, а добиената смеса помешајте ја со 200 мл јогурт. Смесата чувајте ја во фрижидер, може да стои до 3 дена.
За лекување на јачмен во окото – издробете еден кромид, а потоа помешајте го со јаболкова киселина. Ставете ја смесата на газа, а потоа држете ја газата директно ја јачменот во период од 5 часа.
За болести на ноктите и појава на лишаи – измешајте 8 лажици ситно сечкан кромид со половина литар вотка/ракија. Складирајте ја смесата во тегла, промешајте ја и оставете да отстои 10 минути. Користете два – трипати на ден со мачкање директно на болното место.
За оток – исечкајте неколку прстени кромид, а потоа ставете ги на газа која ќе ја поставите директно на отокот. Прицврстете ја газата со фолија или крпа. Користете по потреба, сè додека отокот да исчезне.
За лекување на кашлица – исечкајте 6 главици кромид и измешајте ги со 6 лажици мед. Ставете го садот на пареа и мешајте неколку минути. Користете два – трипати на ден по 1 лажица.
За затнат нос и воспалени синуси – во сад ставете исечкан кромид на парчиња и ставете го покрај вас додека спиете блиску до главата. Вдишувањето на овој мирис може да биде малку непријатно, но веќе следниот ден нема да имате проблем со синутисите.
За да подготвите тинктура од кромид – потребно ви е 400 г ситно сечкан кромид и измешајте со 70% ал-ко-хол, 120 мл. Добро промешајте ја смесата. Консумирајте по 1 лажица разредена со вода, пред оброк, 10 дена во месецот.
Црвен или бел кромид за болки во нозете и подобрување на циркулацијата – направете облога од кромид. Исечкајте го кромидот на прстени и ставете ги на стапалата. Прицврстете со алуминиумска фолија, а потоа облечете чорапи.
За срце, чај од кромид и мед
Потребни состојки: 2 средни главици кромид, 1 литар вода, неколку листови магдонос и целер, 2 лажички шеќер, 1 мала лажица мед.
Постапка: Шеќерот ставете го во тенџере и почекајте да се растопи и да се добие карамела. Исечкајте го кромидот на прстени и ставете го во 1 л вода на рингла. Додајте го магдоносо и целерот.
Чајот треба да стои на рингла околу 15 минути по зовривањето на најниска температура. По изминатото време, процедете го чајот и засладете со мед по желба. Консумирајте по една мала чаша, неколку пати на ден.