Многу здрав чај од ѓумбир кој е идеален против настинки, а ако се додаде трошка чили – настинката “ќе избега”.
Потребни состојки:
1,5 литар вода
3 лимони (без кора)
5 см корен од ѓумбир
3 цимет стапчиња (или 3 лажички во прав)
2 кесички чај – по ваш избор
3 портокали
1-2 прстофат чили – не е задолжителен, но се препорачува
Постапка:
1.Лимонот добро измијте го, излупете го и исечете го на коцки.
2.Ѓумбирот излупете го со лажичка, па исечкајте го на тенки парчиња (ако имате БИО ѓумбир, тогаш воопшто не мора да го лупите).
3.Во водата ставете го лимонот, стапчињата цимет и ѓумбирот.
4.Поклопете и ставете на оган додека да зоврие, а потоа намалете ја температурата и варете уште 5 минути.
5.Потоа тргнете го чајот од оган и ставете две кесички чај по ваш избор (или рефус). Нека отстои 20 минути.
6.Процедете го чајот па додадете сок од исцедени три портокали.
7.По желба можете да додадете малку чили во шолјата чај, но имајте во предвид дека чилито е многу луто.
Постапката можете да ја погледнете во видеото подолу: