ЧАЈ кој ги стопира АЛЕРГИИТЕ! Без исцедок од носот, чешање на очите, кашлање…
Д-р Марио: „Денес ќе ви откријам едно извонредно растение кое помага да се спречат алергиите, но и многу други работи…
Поточно, ќе се осврнам за алергискиот ринитис.Тоа е еден од најголемите проблеми доколку имате алергии.
Поленската треска, исто така наречена алергиски ринитис, е воспаление на носната слузокожа. Предизвикува знаци и симптоми слични на настинка како што се течење на носот, чешање на очите, кивање и болни синуси.
Сепак, за разлика од обичната настинка, поленската треска не е предизвикана од вирус.
Таа е предизвикана од алергиска реакција на алергените кои се наоѓаат во затворени и надворешни површини како што се полен, грини, честички од прашина или контакт со домашни миленици.
Првите симптоми на алергиски ринитис најчесто се јавуваат кај лицето пред да наполни 20 години.
Алергискиот ринитис може да влијае на вашите когнитивни способности и негативно да влијае врз вашата работа или во училиштето и да ги попречи вашите активности во слободното време.
Но, не мора да ги трпите досадните симптоми. Учењето како да ги избегнувате алергените и наоѓањето на вистинскиот третман може да направи голема разлика во тоа како се чувствувате.
Разликуваме три типа на алергиски ринитис – сезонски, несезонски и повремен. Сезонскиот ринитис секогаш се јавува во одреден период од годината.
Обично е тоа е период кога концентрацијата на полен од дрвја, треви или плевел е многу висока. Несезонскиот ринитис е присутен во текот на целата година.
Најчести причини за несезонски ринитис се оние кои се секогаш блиску до нас, имено; прашина, прашински грини, миленичиња, одредени инсекти, габи и мувла.
Повремениот ринитис зависи од контакт на лице со одреден алерген. На пример, кога лице кое е алергично на животински влакна ќе дојде во контакт со нечиј миленик.
Причини за алергиски ринитис
Во процесот наречен сензибилизација, вашиот имунолошки систем погрешно идентификува безопасна супстанција во воздухот како нешто штетно.
Вашиот имунолошки систем тогаш започнува да произведува антитела против таа безопасна супстанција.
Следниот пат кога ќе стапите во контакт со таа супстанција, тие антитела ја препознаваат и му сигнализираат на имунолошкиот систем да ослободи хемикалии, како што е хистамин, во крвотокот.
Тогаш имунолошкиот систем предизвикува реакција која води до симптоми на поленска треска. Предизвикувачи на сезонски алергиски ринитис се: полен од дрвја – вообичаен во пролет, полен од трева – чест во доцна пролет и лето.
Една од најдобрите билки за запирање на алергиите е ехинацеата. Ехинацеа или рудбекија потекнува од Северна Америка со богата традиција на употреба.
Археолошките истражувања покажуваат дека Индијанците со векови ја користеле како „универзален лек за сите болести“.
Ехинацеа се користи низ историјата, во лекување за респираторни инфекции, инфекции на уринарниот тракт, рани, изгореници и каснувања од инсекти.
Името доаѓа од грчкиот збор echinos што значи „еж“, поради неговиот бодлив дел. Овие цветни растенија и нивните делови имаат различна употреба. Echinacea purpurea се користи во традиционалната медицина.
Првиот тип на ехинацеа бил откриен од европски истражувачи во шумите на југоисточна Северна Америка во текот на 18 век. Таа имала почитувано место во современата американска медицина до почетокот на 20 век кога нејзината популарност била засенета од појавата на антибиотици.
Самото растение е препознатливо по прекрасните цветови, најчесто виолетови во боја, поради што е честа билка на украсните градини.
Познати се 9 видови од родот ехинацеа, а за медицински цели се користи коренот/или надземниот дел од 3-те најпознати растителни видови:
-Echinacea angustifolia (rudbeckia), Echinacea pallida (розова rudbeckia) и Echinacea purpurea (црвена rudbeckia).
Клучните активности на ехинацеа се зајакнување на имунитетот, делување против штетни микроби, антиинфламаторно дејство, детоксикација, зараснување на рани и производство на плунка… Ехинацеа содржи комплексна мешавина на активни материи кои тие синергист
ички даваат корисен ефект. Меѓу нив се издвојуваат алкиламиди, полисахариди, гликопротеини и ехинакозид и ехинацеин.
Клиничките студии потврдуваат дека ехинацеата го зголемува бројот на бели крвни зрнца кои се дел од нашиот имунолошки систем. На тој начин нашето тело станува посилно.
Полисахаридите во ехинацеата ги уништуваат штетните патогени, како што се вирусите, габите и бактериите. Спречува алергии, настинки, грип и инфекции на горниот респираторен тракт.
Како превенција од сезонски алергии, користете ја оваа билка 1-2 месеци пред почетокот на алергиите. Доколку сте алергични во текот на целата година, користете ја билката поголем дел од годината, но со редовни паузи.
Како се прави чај? Во 300 мл вода додајте 2 мали лажички чај од ехинацеа, 1 мала лажичка чај од нане. Зовријте вода и варете го чајот на тивок оган околу 7-8 минути.
Процедете го чајот и оставете го да се излади 10-15 минути. Додадете 1 мала лажичка мед манука и сок од 1/4 лимон во чајот.
Пијте еднаш дневно 15 дена по ред, а потоа направете 15-дневна пауза.“ Д-р Марио можете да го слушнете ОВДЕ.