Неодамна на мојата пријателка и беше роденден, па кај неа за првпат ги пробав овие „бурек пирошки”, грицки со малку необичен назив, но дефинитвно совршени како „finger food“, вкусни и опаcно заpазни! Сите што ги пробавме бевме воодушевени!
Кога го побарав рецептот не очекував дека е толку лесен и едноставен, па откако почнав да ги приготвувам дома сите се заpзивме и постојано ги јадеме наместо гризки, но и како закуска, особено кога ќе ни дојдат гости.
Нема кој не останал воодушевен од нив. Најчесто ги филувам со обична солена урда, но може и само со кашкавал, или сечкана шунка помешана со јајце и малку сирење, а може и со комбинација од спанаќ и сирење.
Ако се прави во слатка варијанта, со овошје на пример, повеќе препорачувам да се печат во рерна, отколку да се пржат, зашто маслото може да прска ако растече филот и да се направи неред. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: готови (турски) кори или обични кори за пита, фета ситно сирење или фил по ваш избор и белка или обична вода за лепење на корите.
ПОСТАПКА: Ако набавите од турските кори во облик на триаголници, тогаш веднаш преминете на филување и виткање.
Ако немате вакви кори, тогаш користете обични за пита, но тогап треба да ги пресечете на половина за да се добијат правоаголници, а потоа повторно да ги пресечете дијагонално, за да се добијат кори со форма на триаголник.
Ставете го филот од пошироката страна, преклопете го прво од двете страни, па свиткајте го како кифла-пура, внимателно за да не излегува филот при пржењето. Крајот од кората натопете го со вода (или белка) и залепете го.
Постапката продолжете ја со сите кори, односно додека имате материјал. Ако количината ви е многу, земете зип кеса и вишокот ставете го внатре и пеиспечените пирошки замрзнете ги. По потреба вадете ги и пржете ги или печете ги.
Ние ги сакаме пржени. Спуштајте ги во длабоко масло загреано на умерена температура и пржете ги неколку минути од сите страни додека убаво заруменат. Вадете ги врз хартиена салветка и послужете ги топли или ладни.
Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Бурек пирошки”: грицки кои можете да ги јадете без престан…“ според рецептот на Наталија – ОВДЕ.
„Бурек пирошки”: грицки кои можете да ги јадете без престан…