Ова е еден од оние брзи и едноставни колачи кои можете да ги приготвувате за секој ден, но и за свечени пригоди. Убаво се сече на правилни коцки и нема потреба од декорација, зашто се состои од два контрастни слоја, бел и црн. Подготовката нема да ви одземе повеќе од 20-тина минути, а потоа само треба да почекате да се олади. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за кафеав дел: 600 мл млеко, 8 супени лажици гриз, 6 супени лажици шеќер, 2 супени лажици какао во прав, 30 г чоколадо за готвење, 1 супена лажица рум, 50 г путер или маргарин




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за жолт дел: 300 мл млеко, 1 кесичка пудинг со вкус на ванила (40 г), 3 супени лажици шеќер, 90 г шлах крем со вкус на ванила + 200 мл ладно млеко за шлагот. И уште: какао во прав за наросување одозгора




ПОСТАПКА: Сварете го пудингот од ванила во 300 мл млеко со 3 супени лажици шеќер (прво растворете го добро во ладното млеко заедно со шеќерот, па ставете на оган и загревајте на умерено ниска температура и варете го непрекинато мешање додека да згусне). Тргнете го настрана и оставете да се олади до собна температура.




Во посебен сад соединете го гризот, какаото во прав и шеќерот. Во едно тенџере сипете млеко, па додајте ја мешавината со гриз и варете со непрекинато мешање на умерено ниска температура додека да ја добие потребната густина.




Сварениот гриз тргнете го настрана и веднаш додека е врел додајте го путерот исечен на листови, чоколадото искршено на коцки и румот. мешајте енергично додека сето да се растопи и соедини во еднолична смеса.




Оваа смеса сипете ја во некој помал плех (24 х 24 см) или калап за торти, рамномерно распоредете ја и израмнете ја површината, па оставете да се олади. За тоа време пенасто изматете го шлаг кремот од ванила со млекото.




Оладениот пудинг од ванила прво изматете го со миксер, па додајте неколку лажици изматен шлаг и соединете со миксер, а потоа додајте го и останатиот шлаг, но овојпат мешајте со лажица или кујнска шпатула. Мешајте додека да добиете изедначена мазна смеса.




Жолтиот крем сипете го врз кафеавиот, рамномерно распоредете го и израмнете. Колачот оставете го во фрижидер добро да се излади, најмалку 4 часа пред сечење и послужување. Одозгора наросете го со какао во прав. Рецепт на Ерна / Сооlinarika.сom