Генерално би можеле да се поделат во две групи, на оние што се тивки, мирни, повлечени, што не сакаат да привлекуваат внимание, и на оние кои кажуваат сè што имаат на ум, со „гласност“ ја остваруваат својата цел, но и се растеретуваат од ст-ресот.




Овие вториве се во поголема предност пред првите, бидејќи се осло-бодуваат од насобраните емоции, а бор-бата со емоциите е една од најтеш-ката и најдолгата, која трае речиси цел живот, а кај некои луѓе се повторува секојдневно.




Постојат ситуации кога сметаме дека емоциите треба да се потиснат и да се премолчат, да го смириме темпераментот, па дури и во моменти кога мислиме дека ќе пук-неме, само за да сечува мирот, убавите односи и хармонијата во домот или односите со пријателите и колегите од работа.




Меѓутоа, експертите сметаат дека всушност, поефикасно би се сочувувале односите меѓу луѓето доколку сите отворено си го кажуваат она што го мислат и не ги потиснуваат емоциите.




Тоа би помогнало, велат тие, да се сочува здравјето, бидејќи голтањето и неутрализирањето на разбрануваните емоции, се манифестираат врз физичкото здравје на организмот.




Порано жените биле тие кои најчесто одлучувале да молчат и да го гасат ог-нот во себе кога станува збор за од-носите со мажите, но статистиките говорат дека денес веќе не е така и дека има сè поголем број жени стануваат сè погласни.




ЗАМОЛЧУВАЊЕ НА СЕБЕСИ. Ова обично го прават лицата кои се пла-шат да ги изразат своите емоции и своето мислење. Тие всушност се плашат дека со она што ќе го кажат, ќе ги пов-редат блиските луѓе и дека ќе ги нарушат односите со семејството, пријателите, колегите…




Ја одбираат тишината, бидејќи не сакаат да се рас-праваат, но не сфаќаат колку тоа не е добро за нив од две причини: во нив се натрупуваат емоции и ст-рес што на крајот ќе се одрази врз нивното физичко здравје.




ПОВЕЌЕ ВИКАЊЕ, ПОМАЛКУ СТРЕС. Викањето е еден од најдобрите начини за исфр-лање на негативните емоции, ст-ресот и фруст-рациите. Познато е дека хроничниот ст-рес е причина за бројни болести, па според тоа, логично е зошто „гласните“ жени се многу поздрави.




НАРУШЕНО ЗДРАВЈЕ ПОРАДИ СКРИЕНИ ЕМОЦИИ. „Фасадата“ од среќа и радост, не значи дека и во ду-шата е исто. Најчесто оваа фасада ја користат и мажи и жени подеднакво ширум светот, бидејќи не сакаат да ги нарушат веќе споменатите од-носи.

Меѓутоа, со секое поставување на „фасадата“ и одржување на насмевка на лицето додека во себе чувствувате како уми-рате, започнува да се покачува притисокот, а нивото на шеќерот расте. Ако ова е хронична појава, тогаш во голема мера се зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања.




ИСКАЖЕТЕ ГИ ЕМОЦИИТЕ НА ЗДРАВ НАЧИН. Иако повишувањето на гласот е одличен начин преку кој ќе се ослобо-дите од негативните емоции, сепак не би требало да говорите сè што ќе ви падне на памет или да викате по цел ден, бидејќи на тој начин, навистина ќе ги избр-кате блиските луѓе од вас.

Секогаш размислете и искажете ги емоциите на вистинскиот начин. Решавајте ги проблемите разумно и не скривајте ги под тепих. Запамтете, колку што е важно да се исф-рли негативноста и стр-есот, толку е важна и почитта – како кон себеси, така и кон другите.