Храна и пијалак во изобилство е сон на секој гурман, но тоа сигурно нема да им се допадне на вашите бубрези. Верувале или не, бубрезите прочистуваат околу 200 литри крв секој ден и ги елиминираат токсините и другите штетни материи.

Бубрезите елиминираат околу 2 литри отпаден материјал од крвта. Бројни болести се јавуваат како резултат на прекумерно количество токсини во бубрезите.

Најмногу токсини внесуваме преку храна и пијалаци, а ова се некои од најголемите непријатели:

-животински протеини
-сол
-некои видови гмо
-вештачки засладувачи
-кофеин
-цигари
-млечни производи

Овој напиток ќе им помогне на бубрезите полесно и побрзо да се прочистат, а токсините да се исфрлат од вашето тело. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: сок од половина лимон, 1 киви, 25 г ореви, 1 банана, ½ китка магдонос, 1 чаша вода

ПОСТАПКА: Сите состојки измешајте ги во блендер, а водата додавајте ја постепено. Миксајте додека да добиете мазен напиток. Консумирајте ја смесата веднаш по подготовката.

По желба можете да додадете и половина авокадо или грст млад спанаќ или прокељ.