БРЗО ТИРАМИСУ СО НАЈВКУСНИОТ КРЕМ: Секое парче се топи во уста…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 пакување пишкоти

За крем:
1 литар млеко
2 жолчки
1 чаша шеќер
3 лажици скроб/нишесте/густин
2 лажици брашно
1 чаша шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
Подоцна додадете:
200 г крем сирење

За потопување на пишкотите/бисквитите:
1 чаша топла вода (250 мл)
1 лажица гранулирано кафе кое се растопува
1,5 лажици шеќер
За посипување одозгора:
какао

ПОСТАПКА:

1.Во тенџере измешајте ги сите наведени состојки, да нема грутчиња, па ставете на оган и со непрекинато мешање варете го кремот додека да згусне.

2.Оставете го кремот на ладно половина час, па додајте го крем сирењето. Кремот е сè уште малку топол и не е целосно оладен.

Матете со миксерот 3-4 минути додека да добиете убава конзистентност (полутечна хомогена смеса).

3.Пригответе го растворот со кафето и мешајте додека да се раствори шеќерот.

4.На дното од калапот (26 см) наредете еден ред пишкоти кои кратко сте ги натопиле во кафето.

5.Сипете половина крем и израмнете.

6.Наредете нов слој пишкоти кратко натопувани во кафе и врз нив распоредете го остатокот од кремот. Израмнете и оставете во фрижидер 4-5 часа.

7.Одозгора посипете какао во прав и послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.