Не се само мои омилени кифлички, туку и на децата и на сите што ги пробале. Не се многу комплицирани, а излегуваат меки како душа.
Потребни состојки:
600 мл млеко
1 квасец
2 лажички шеќер
3 лажички сол
200 мл масло
1 кг брашно или по потреба
за фил:
200 г путер или маргарин
2 жолчки
1 лажичка сол
за премачкување:
1 белка
сусам
ленено семе
Постапка:
Во половина литар млако млеко ставете шеќер и квасец да се раствори и да се активира. Во сад за мешање ставете квасец и додадете сол, масло и брашно, околу 900 грама. По потреба додадете уште малку брашно.
Замесете мазно тесто и оставете го да ја удвои својата величина.
За фил:
Изматете го путерот со жолчките и на крај посолете. Тестото поделете го на три дела.
Секое топче посебно со оклагија развлчете го во долгнавеста кора. Кората премачкајте ја со филот и свиткајте ја како ролат. Ролатот исечете го цик-цак во триаголници.
Вака приготвените кифли-триаголници наредете ги на плех обложен со хартија, премачкајте ги со јајце и наросете ги со сусам, ленено семе или по желба. Оставете ги 10-тина минути на топло место да нараснат. Печете ги во рерна на 200 степени.