Овој десерт од само неколку состојки можете да го направите за 10-тина минути. Cладете се без гpижите, бидејќи овој колач е без глyтен, без шеќеp и се приготвува без бpашно. Секој треба да си го приготвува овој колач од овес, бидејќи многу е здрав и многу е вкусен. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 250 мл): 120 г овесни снегулки (1 1/4 чаша), 250 мл врело млеко ( 1 чаша), 2 излупени банани (200 г без лушпа), 2 јајца, 1 прстофат сол, 30 г какао (4 супени лажици), 5 г прашок за печиво (1 мала лажичка или половина кесичка), за декорација ореви/лешници/бадеми по желба. ЗА ГЛАЗУРА: 100 г црно чоколадо (по желба користете чоколадо за дијабетичари) и 50 мл млеко
ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад ставете 120 г овесни снегулки и прелијте ги со 250 мл врело млеко. Промешајте и оставете 10 минути додека снегулките набубрат и да го впијат млекото.
За тоа време излупете две банани, па испасирајте ги со помош на виљушка. Треба да добиете кашеста смеса без грутчиња, па доколку ви е полесно, тогаш користете рачен миксер или блендер. Во испасираните банани додајте две големи јајца и прстофат сол. Изматете со жица маталка додека сите состојки да се инкорпорираат и да добиете изедначена, хомогена смеса.
Во оваа смеса додајте 30 г квалитетно какао во прав и 5 г прашок за печиво. Повторно изматете со жица маталка додека да се изедначат состојките. За кратко тргнете ја оваа смеса настрана, а земете го садот со овесот и промешајте го.
Овесот за ова време би требало да е омекнат и оладен. Потоа во него додајте ја чоколадната смеса. Овојпат промешајте со лажица или шпатула додека двете смеси да се соединат и изедначат.
Подгответе калап со димензии 22х16 см (или приближно) и намастете го со путер на дното и страните. Излејте ја подготвената смеса, рамномерно распоредете и израмнете, најдобро со протресување на калапот.
Одозгора наросете кршени лешници или ореви, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 35-40 минути, во зависност од рерната. Печениот колач извадете го од рерна и оставете го малку да се подизлади, а за тоа време пригответе ја глазурата.
Темното чоколадо искршете го на коцки, па прелијте го врело млеко. Промешајте додека да се растопи, па глазурата ставете ја во слаткарски шприц и декорирајте го колачот одозгора или едноставно прелијте ја. Оставете целосно да се олади пред послужување. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.