Потребни состојки:
1 шолја (за кафе) вода
2 шолји масло
6 шолји шеќер
6 шолји брашно
1 шолја чоколадо во прав или какао
По желба: суво грозје, ореви, лешници, бадеми, итн…
Постапка:
Во подлабок сад ставете масло, вода и шеќер, па ставете на оган…
Брашното помешајте го со чоколадото или какаото. Кога шеќерот ќе се растопи и смесата ќе зоврие, полека додавајте го брашното со какао и мешајте.
Мешајте уште неколку минути додека смесата да се изедначи и брашното да се свари.
Додадете суво грозје, ореви…
Излејте ја смесата во помала тепсија и израмнете. Кога малку ќе подизлади, исечете ја на коцки.