Фото и рецепт: Мак63
Фина и едноставна кремаста и чоколадна торта со две креми: Едната се прави со чоколадно млеко и чоколадо, а втората со ганаш крем. Тортата е готова половина час. Бисквити можете да користете по желба (јас ја правев со petit-beurre со путер). Наместо темно чоколадо може да користите млечно и шеќер да ставите по вкус).
Потребни состојки:
800 г бисквити
За крем 1:
800 мл чоколадно млеко
10 лажици шеќер
1 ванилин шеќер
250 г путер или маргарин
200 г темно чоколадо за готвење
За крем 2:
500 мл слатка павлака за шлаг
250 г темно чоколадо за готвење
4 лажици шеќер во прав
4 лажици мелена бурбон-ванила (или нешто по ваш вкус)
Постапка:
За крем 1: Чоколадното млеко, шеќерот, ванилин шеќер, чоколадото за готвење и путерот ставете ги на умерен оган додека да се растопат состојките. Мешајте додека да се соединат, а потоа тргнете од оган и оставете малку да подизлади.
Бисквитите искршете ги на поголеми парчиња и ставете ги во поголем сад, па полека прелијте ги со малку подизладениот чоколаден крем. Земете две дрвени лажици, па убаво промешајте.
Смесата излејте ја во плех 25х35 см или тркалезен калап за торта 28 см. Израмнете и оставете малку да излади – 15-тина минути. Во меѓувреме пригответе го вториот крем.
За крем 2: Загрејте ја слатката павлака до пред да зоврие, па прелијте ја преку искршеното чоколадо. Мешајте додека да се растопи целото чоколадо и соедини во крем.
Готовиот ганаш крем прелијте го преку приготвената торта. Прво изладете ја на собна температура, па потоа во фрижидер. Следниот ден е готова за послужување.
Доколку сакате можете да ја приготвите и со бело чоколадо.