Монте е кралски колач кој брзо и лесно се прави, може да одговара за сечиј џеб и многу е вкусен.
Потребни состојки:
1 л млеко
12 лажици густин
8 лажици шеќер
200 г маргарин/путер
500 мл слатка павлака
300 г чоколадо за готвење
бисквити
ПОДГОТОВКА:
Колачот се прави со два фила. Ставете го млекото да зоврие. За белиот крем измешајте 200 мл млеко (од она што се вари) со густинот и шеќерот, и истурете го во зовриеното млеко. Откако ќе излади, додадете го и путерот, пенасто изматен.
За црниот фил измешајте го чоколадото за готвење со слатката павлака. Во длабок плех наредете бисквити, потопете ги во малку млеко, па ставете од белиот крем, а врз него црниот крем.
Ставете во фрижидер да се стегне.