Ручекот не мора секогаш да биде некое комплицирано јадење за кое треба да одвоите неколку часови поминати во кујната. Може набрзина да подготвите јадење кое исто така, ќе биде премногу вкусно, како да излегло од најскапиот ресторан. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (јадење за двајца): 2-3 големи компири, 500 г пилешко бело месо, зачини (1 лажица црвен мелен пипер, 1 лажица сув зеленчуков зачин (вегета), 1 лажица зачин за пилешко месо, малку сол) и масло, малку вода (50-80 мл). По потреба зголемете ги количините, а по желба можете да го појачате јадењето со павлака и кашкавал.




ПОСТАПКА: За ова едноставно и евтино јадење ви се потребни само неколку компири и пилешко бело месо, како и малку зачини кои ви се наоѓаат во кујна. Најпрво измијте ги компирите и излупете ги, а потоа исечете ги на коцки со големина на залак.




Исечканиот компир ставете го во некој подлабок сад во кој ќе можете лесно да го измешате зачините. Најпрво ставете ги зачините (во овој рецепт беа користени црвен пипер во прав и сува зеленчукова мешавина) и промешајте, а потоа залијте ги со масло и промешајте ги за рамномерно да се обложат.




На ист начин постапете и со пилешкото месо: измијте го ладна вода, оставете да се иседи, па со хартиена салветка избришете го за да се собере вишокот влага. Исечете го на коцки и ставете го подлабок сад каде ќе го зачинете.




Пилешкото месо зачинете го по вкус со сол и специјална зачинска мешавина за пилешко месо, а ако немате таква можете да користите зачини какви што имате. Добро промешајте. Земете еден помал огноотпорен сад и намастете го на дното.




На дното прво истурете ги компирите, па врз нив распоредете го пилешкото месо, па малку промешајте и протресете го садот. Залијте со малку вода колку да се покрие дното, а за да бисе појако јадењето, наместо вода може да ставите течна, неутрална павлака за готвење.




Залијте со малку масло одозгора колку да се намести и месото, покријте со фолија и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, 30-40 минути или печењето прилагодете го според вашата рерна (компирот треба да биде мек кога ќе го боцнете).




Пред крај отворете ја фолијата за да испари вишокот течноста и малку да се запече, а кој сака може да додаде и малку рендан кашкавал одозгора. Послужете топло. деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.