Рецепт на Алена Митрофанова. Овојпат убавата Русинка Аленушка нè изненади со еден многу практичен рецепт кој се приготвува буквално за една минута. Добиеното тесто за колач се пече 20 минути, а потоа на вас останува дали ќе го јадете топол или ладен, секако е вкусен.




Овој рецепт е особено одличен за ненајавени гости, кога немате однапред подготвен десерт. Ќе се изненадите од вкусот, колачот потсетува на оние купени во слаткарница. пробајте го, нема да се покаете. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г чоколадни/какао бисквити (може да се приготви и со обични, но колачот е замислен да биде чоколаден, па употребете кафеави кекси), 150 мл млеко, 50 г млечно чоколадо по ваш избор (во рецептот се користи 80 г Милка)




ПОСТАПКА: Бисквити искршете ги на крупни парчиња и ставете ги во блендер. Сомелете ги додека да добиете фин прав. Може и рачно да ги сомелете, па одберете опција која повеќе ви одговара.




Во мелените кекси додајте 150 мл млеко на собна температура. Промешајте со лажица додека состојките убаво да се соеиднат и да се впие сета течност во мазна и густа смеса. Ова всушност е тестото за колачот.




Земете еден помал огноотпорен сад или калап и добро намастете го со путер или маргарин, на дното и ѕидовите од садот. Истресете ја приготвената смеса во калапот и рамномерно распоредете ја.




Лажицата намастете ја со растително масло за да не се лепи, па израмнете ја површината. Вака приготвениот колач ставете го да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20 минути. Проверете со чепкалка (ако излезе сува, значи дека е добро печен).




Во еден сад ставете го чоколадото неотпакувано од амбалажата и прелијте го со топла вода. Со лажица потопете го за побрзо да се растопи. Кога ќе оцените дека чоколадото целосно се растопило, потсечете го на еден агол и истиснете го врз колачот.

Израмнете и оставете да се олади, а може и веднаш да го сечете и да го послужите. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.