Брзи триаголници со сусам и локум – многу едноставна постапка…(посно). Фото и рецепт: Јелена Аранѓеловиќ
Потребни состојки:
200 г сусам
1 лажица масло
200 г бел локум
200 г желе бонбони или крем бананчиња
Постапка:
Рецептот навистина е многу едноставен. Пропржете 200 г сусам со една лажица масло на тивок оган додека да зарумени, со постојано мешање.
Потоа додајте 200 г бел исечкан локум, па мешајќи изедначете ја смесата.
Ставете фолија на триаголен калап и ставете малку од смесата притискајќи. Потоа наредете 200 г желе бонбони или крем бананчиња.
Преостанатата смеса ставете ја преку желе бонбоните и убаво притиснете и израмнете од сите страни.
Оставете добро да се стегне и потоа сечете ги триаголниците.
Фото и рецепт: Јелена Аранѓеловиќ